• Latest

Анкета на ИРИ: Пристапувањето во ЕУ со поддршка од 79 проценти од граѓаните

June 16, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Анкета на ИРИ: Пристапувањето во ЕУ со поддршка од 79 проценти од граѓаните

June 16, 2021 13:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пристапувањето во Европската унија има 79 проценти поддршка од јавноста во земјава. Сепак, процентот на оние кои сметаат дека Северна Македонија денес е поблиску до влез во ЕУ отколку во 2005 година – кога првпат доби статус на земја-кандидат, во последните три години падна од 57 на 32 проценти, покажуваат резултатите на истражувањето Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

„Одложувањата и назадувањата на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, неодамна поради ветото на Бугарија, се чини дека влијаат врз убеденоста на граѓаните дека може да има напредок во пристапниот процес“, вели Пол Мекарти, директор на ИРИ за Европа. За среќа, додава тој, ова не го намали нивниот ентузијазам за потенцијално долгорочната цел за пристапување во ЕУ.

Прашани за најважниот проблем, најголемиот дел од граѓаните или 23 проценти ја наведоа невработеноста, како и пандемијата и загриженоста за достапноста на вакцини против КОВИД-19 која како наголем проблем ја посочиле 22 проценти од граѓаните.

Анкетата покажала дека граѓаните на Северна Македонија имаат ниска доверба во нивните локални претставници пред изборите што се очекува да се одржат во октомври.

На прашањето дали би го поддржале градоначалникот на нивната општина за повторно да биде избран, половина од испитаниците или 53 проценти рекле дека би требало да се избере друг кандидат.

„Повеќе од една година подоцна, пандемијата сѐ уште е примарна грижа за граѓаните на Северна Македонија, кои исто така се грижат за достапноста на вакцините и за економските последици од ограничувањето на движењето и затворените бизниси. На локално ниво, граѓаните можеби ќе бараат промени на претстојните избори, што ги зголемува шансите на опозициските кандидати“, рече Мекарти.

Ова национално репрезентативно истражување било спроведено во име на Центарот за истражување на ИРИ од страна на „Брима“ – компанија за истражување на пазарот, помеѓу 4 март и 6 април 2021 година. Податоците биле собрани со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Националниот примерок се состои од 1.222 испитаници на возраст од 18 години и повеќе и бил дополнет со 1.285 интервјуа за примероците во одредени општини.  Маргината на грешка за националниот примерок е плус или минус 2,8 процентни поени на средниот опсег на нивото
на доверба од 95 проценти.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ