На прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Зошто Европа, дел од граѓаните на Битола сметаат дека заслужуваме да бидеме дел од Европската унија бидејќи ги исполнуваме речиси сите услови.
„Треба да се работи уште на искоренување на корупцијата, но со тек на времето и тоа ќе се среди. Бугарија влезе пред нас во ЕУ иако не ги исплонуваше сите услови. Со влез во ЕУ ќе се подобри економијата и ќе биде подобро пред сè за младите“, вели еден битолчаноц.
Друг смета дека сè уште не сме дораснати како народ да станеме дел од европското семејство – „треба менталитетот да го смениме ако сакаме да бидеме дел од ЕУ, вака никој не нè прима“.
Еден граѓанин додава дека сака да биде дел од ЕУ, а за исполнување на условите треба да се погрижат „тие со поголеми глави“ како што ги нарече политичарите.
Мелиса Муриќ
обработка на текст и камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети