„За да влеземе во Европа треба уште да се работи на подобрување на правдата, да се намали корупцијата, но, и покрај сè Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ. Ако пола Источна Европа заслужи да влезе во ЕУ, тогаш заслужува и нашата држава да стане дел од Европа. Со влез во ЕУ ќе се воведе ред во работите, пари не доаѓаат магично, но кога ќе има ред тогаш ќе проработи и системот“, вели еден граѓанин од Струмица на прашањето на ЦИВИЛ – Зошто Европа?
Друг граѓанин нагласи дека С. Македонија заслужува да влезе во Европа, и дека оваа власт работи на тоа поле што побрзо да станеме дел од европското семејство.
„Во овој момент со сигурни чекори одиме кон ЕУ. Кога ќе бидеме дел од Европа ќе имаме можност за патување, подобра економија и посигурен живот“, додава тој.
Дел од граѓаните сметаат дека младите ќе имаат поголеми можности доколку станеме дел од Европската унија.
„Тука живееме со пензија од 150 евра. И сега младите ни бегаат во Европа за да работат, барем децата ќе нè ранат“, вели еден граѓанин од Струмица.
Мелиса Муриќ
текст, камера и монтажа: Дехран Муратов