ЦИВИЛ спроведе анкета во општините Свети Николе, Виница и Кочани и ги праша граѓаните што мислат за Европа, односно за европските вредности, и дали нашата држава ги исполнува условите да биде дел од ЕУ?
Еден граѓанин од Свети Николе вели дека нашата држава требаше уште порано да стене дел од европското семејство, но тоа не се случи поради проблемот со името со Грција.
„Спорот со Грција е решен, а и проблемот се Бугарија мислам дека ќе се реши, и мислам дека Македонија треба да влезе во ЕУ. Тоа ќе биде подобро за сите, ќе има работа, економијата ќе се подобри… Во наредниот период треба да се посвети повеќе раабота на правосудниот систем, доколку судството се подобри тогаш нема да има ниту корупција“ вели граѓанинот од Свети Николе.
Друг граѓанин смета дека преговорите со ЕУ требаше да отпочнат уште пред 30 години.
„Требаше порано да почнат преговорите и сега ќе бевме многу напред, но никогаш не е доцна“.
Една граѓанка смета дека треба да станеме дел од ЕУ како што станавме 30-та земја членка на НАТО.
Еден граѓанин од Виница вели дека за да влеземе во Европа ни треба дисциплина и ред.
На прашањето на ЦИВИЛ – Дали државата ги исполнува условите за отпочнување на преговори со Европската унија, еден граѓанин од Виница вели: „Кога некој ќе те покани на некој прием, ти се дотеруваш се подготвуваш за тој прием, исто и државата треба да се поготви за влез во ЕУ“, заклучува тој.
Дел од граѓаните на Кочани сметаат дека Северна Македонија ги исполнува условите и заслужува да стане дел од ЕУ.
Мелиса Муриќ
текст, камера и монтажа: Дехран Муратов