Екипа на ЦИВИЛ Медиа разговараше со граѓаните во Прилеп на тема ЕУ интеграции и зошто се тие потребни, колку ги почитуваме европските вредности и пто дополнително треба да направиме за да ги исполниме условите за влез во ЕУ.
„Треба да влеземе во ЕУ, затоа што ќе ни се подобри животниот стандард“, заклучи еден граѓанин
„Ќе влеземе во ЕУ и тоа за кратко време. Да беше ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе бевме уште 20 години наназад“, вели еден прилепчанец.
„Јас велам, заслужуваме… ама зависи и од тоа што ќе испадне со случајот со Бугарија“, покренувајќи го како прашање условувањето на Бугарија.
„Ние веќе сме во Европа, само треба да се официјализира. Да започнат преговорите и за брзо време да влеземе, нема да ни пречи никој, ниту Бугарите… Можеби не сме ги исполниле сите услови, но заслужуваме да влеземе. Најмногу треба да работиме на економијата, криминалот и корупцијата“, смета друг граѓанин.
Анкетата покажа дека прилепчани се спремни за Европа и дека нашата земја го заслужува тоа.
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети