• Latest

Јанчовски: Ако е неопходно ќе тужиме!

April 2, 2018
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јанчовски: Ако е неопходно ќе тужиме!

April 2, 2018 16:15
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше и со Тихомир Јанчовски, дел од Комисијата на Агенцијата за млади и спорт што одлучуваше за трите најдобри песни што влегоа во збирката поезија „Млади поети“.

Комисијата реагираше преку соопштение на изјавата на Каевски во која го прочита решението за тоа како се вршела селекција за песните, а Јанчовски дополнително на својот Фејсбук профил  ја објасни  улогата на Комисијата.

Во телефонски разговор за ЦИВИЛ Медиа, Јанчовски вели дека иако не е човек за на суд, доколку скандалот не добие поинаква разрешница ќе мора да го стори и тоа.

„Ако продолжи вака да се развива ситуацијата, ако не напаѓаат, а се чувствуваме дека немаме никаква вина, можеби и ќе тужиме. Ако нема потреба, нема. Јас не сум за по судови да се влече работата. Ако продолжи АМС да се вади и да префрла вина, ако е неопходно тогаш, да!“, вели Јанчовски.

„Каевски извади некакво решение што никој не го видел, а прашање е дали тоа решение сега е направено и ставена датум од претходно. Од кај да знаеме. Не можеш да  докажеш. Нам никој не ни го покажал тоа решение“, истакнува тој.

„Ова не им е прва ваква книга, ама досега никој не се бунел. Идејата е да биде масовно, млади да објавуваат… Ние си завршивме, одредивме прво, второ и трето место и толку. Со тиражот, насловната страна, издавачот немаме никаква врска. Никој не збори за наградените песни, туку за двете објавени на тој што ги подметнал, постариот ресенчанец. За нашата работа добивме хонорар по 5.000 денари“, објасни Јанчовски во разговор со ЦИВИЛ Медиа.

На својот Фејсбук профил Јанчовски вели дека првпат за книгата слушнал на доделувањето на наградите. Од тогаш, па до сега никој не им се јавил нити ги консултирал за книгата.

„Не сме правеле никаква селекција, ниту некој од нас барал некаков извештај. Селекцијата на песните што се застапени во книгата не е направена од нас. Ние направивме избор на првонагредените три песни и толку“, се вели во неговиот статус.

„Книгата е објавена, и никој не очекувал скандал. Поезија… млади… Откако изби скандалот, директорот на АМС ја префрла вината врз нас. Тоа е очекувано. Ако вината е до АМС, а тој е таму директор, ќе му речат да си даде оставка. Новинарите ги љубат скандалите и едвај чекаат такво нешто. Покажувал пред камери некакво решение. кое никој од нас никогаш не го видел, и на кое нема потпис на ниеден од нас“, образложи Јанчевски.

Радица Стојанова, Елена Богдановска и Никола Димитриевски се добитниците на трите први награди од Комисијата.

За крај, Јанчевски искоментира дека доколку некој него го прашал што треба да влезе во книгата, можно е таа воопшто да не биде ни објавена.

Биљана Јордановска

 

Tags: АМСпоетска збиркаскандалТихомир Јанчовски
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ