• Latest

Антикорупциска бара построги критериуми за државни субвенции за медиумите

January 22, 2020

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Антикорупциска бара построги критериуми за државни субвенции за медиумите

January 22, 2020 13:23
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Да се зајакнат критериумите за доделување на државна помош за печатените медиуми, бара Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која во Националната стратегија за спречување корупција ваквите субвенции ги оценува како ризик за корупција и клиентелизам. ДКСК бара и медиумите да не добиваат буџетски пари за изборни кампањи. Годинава, Владата ќе им додели на печатените медиуми субвенции од 50 милиони денари, или 813.000 евра.

„Медиумите и граѓанските организации се битни чинители во општеството кои имаат влијание врз јавното мислење, а воедно се корисници на јавни финансии, што може да генерира ризик од корупција, посебно при недоволно прецизно дефинирани правила на нивно финансирање од страна на јавниот сектор“, наведува ДКСК во првиот документ за борба против корупција што го усвојува Собранието, Националната стратегија 2020-2024. Досега, работата на ДКСК се засноваше на четиригодишни државни програми за превенција на корупцијата.

Во стратегијатa, чиј фокус е корупцијата при трошење на јавни пари или злоупотреба на службени позиции во јавниот сектор, финансирањето на медиумите е разгледувано посебно, како особено значајна област. Политичкиот систем, медиумите и граѓанското општество се обработени како посебни сектори за детално да се објасни политичкото влијание, кое антикорупционерите го утврдиле како најважен проблем во проценката на ризици од корупција.

„Финансирањето на медиумите и граѓанските организации е област (процес) која беше дискутирана од страна на ДКСК и работната група во контекст на создавање на околина на влијание врз медиумите и граѓанските организации од страна на политичките партии и владата. Финансирањето на медиумите и граѓанските организации може да претставува основа за тргување со влијание, што е многу значајно при креирањето на јавното мислење кое наместо да ја поттикнува ќе ја загушува борбата против корупцијата. Исто така, во контекст на оваа област, важно е политичкото влијание кое е многу присутно во оваа сфера“, нагласува ДКСК.

Комисијата проблемот генерално го дефинира како „недоволна транспарентност при доделувањето и искористувањето на јавни финансии во медиумите“, и посочува на владината програма за поддршка на печатените медиуми.

„Врз основа на одлука на Владата донесена е програма со која печатените медиуми добиваат државна помош за обезбедување на нивната одржливост. Меѓутоа, критериумите врз основа на кои се одобрува таквата помош се недоволно прецизни и овозможуваат ненаменско користење на доделените средства“ стои во Стратегијата.

Владата минатата година, во јануари, им додели околу 700.000 евра на 11 печатени медиуми. Образложувајќи ја мерката, министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски нагласи дека критериумите за добивање на помошта се „во целост усогласени со меѓународните стандарди, што е уште еден принципи според кој се раководеше Владата, прифаќајќи ги најдобрите практики на Европската Унија за поддршка на печатените медиуми кои во секое демократско општество се столбот, фундаментот на објективното, независното и професионално новинарство“.

извор: МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ