• Latest
Добро утро со Орданоски

Анѓушев, дежурен кај кормилото

February 23, 2018

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Анѓушев, дежурен кај кормилото

February 23, 2018 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]М[/dropcap]ожете да го сакате или да го мразите д-р Кочо Анѓушев – срам да му е, богат е, бил ВМРО, прави олеснување за увоз на индустриски батерии за тој да ги користи, увезувал и продавал струја, тогаш мора да е корумпиран, што бара крупен капиталист меѓу социјалдемократи итн. – но, јас барем, одамна не памтам поубедлив македонски политичар за проблемите што се нафатил да ги решава.

Прво, нема штос во бизнисот што можете да му го „продадете“. Извезувал – увезувал, купувал -продавал, редовно плаќал толку данок колку што (претпоставувам) морал, му се „точкале“ во бизнисот секакви (и домашни и странци), „стегнат“ е за илјади, а располагал и со десетици милиони… Сите бројки ги има во глава и, како инженер по професија, побрзо ги смета математиките од дигитронот што му го турка под носот Боби Христов (инаку, одличен телевизиски штос), а во законите и прописите што ги образложува и брани, ги знае сите запирки и точки со фотографска меморија.

Второ, располага со извонредно цврста логика (во теоријата на сознанието, тоа се нарекува научна епистемологија) и се занимава само со она што е фактички докажливо. Како вистински универзитетски професор – тоа што долги години и е – ги „меле“ темите со извонредна стрпливост и систематичност, но и разбирливост и за луѓе како мене, не многу интелигентни (да не кажам глупави) за компликуваните бизнис модели и движењата во економијата.

Трето, јасно е дека работи едно петнаесет часа дневно! Мора да е така, бидејќи прочитал сè што му се дало, отишол сегде каде што морал, испреговарал со сите со кои требало, отседел на десет состаноци, а вечерта го гледам и на некој дипломатски прием како „чеша“ рамења со амбасадори, општествени претставници на македонското „Големо добро утро“ и други купи-ден-помини сезнајковци (новинари, де), иако би можел и дома да си отиде, малку да одмори и да дремне.

Конечно, точно го разбира „периметарот“ во политиката што му е даден да го работи и не се прави паметен за теми што не ги владее. Исправно.

Да, знам, ова е, во последните шест месеци, втор текст во кој го фалам Анѓушев. (Колку да се знае, меѓусебно никогаш немаме разменето ни жолта пара.) Но, во целиот идеолошко – моралистички и кадровски хаос во кој сме заглавени со добра половина од владините министерства, компетентен технократ како Анѓушев некако влева доверба дека владиниот брод има и дежурни покрај кормилото кои се немаат изгубено во маглата на големите очекувања на јавноста и форензиката на „местото на злосторот“ на остатоците на минатиот криминален режим.

Дополнително, бидејќи никој жив не знае кој ни е министер за економија, а Заев пеливански фатил да се бори за името па за името па за името, добро е што некој во Владата води сметка и по некој оџак да зачади во државава, а не само да растегнуваме од сабајле до вечер за геополитики и патриотски патетики.

Се разбира, вистинските резултати во економијата допрва ќе треба да следуваат. Оти во политиката, како и во бизнисот, ништо не функционира подобро од мерливиот успех. Ако тие резултати ги нема, и покрај сите фалби, политичката кариера на Анѓушев ќе биде едно бледо сеќавање за една влада која имала големи амбиции, а слаби ефекти.

[divide]

Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: АнѓушевбизнисдежурствоекономијаЗаев
Share280Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ