• Latest

Јанева: Ќе се прошири истрагата за „Странски служби“

December 21, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јанева: Ќе се прошири истрагата за „Странски служби“

December 21, 2017 16:20
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска најави дека истрагата за случајот „Странски служби“ ќе биде проширена.

„Лично бев изненадена од снимките во медиумите. Секоја изјава е добредојдена“, рече Јанева одговарајќи на новинарско прашање по завршната конференција на проектот „Набљудување судски предмети од областа на организираниот криминал и корупцијата според новиот Закон за кривичната постапка“.

Таа одби да открие дали МВР опремата ја набавило од компанија од Израел, бидејќи станува збор за класифицирана информација.

Во случајот „Странски служби“, осомничени се две лица за злоупотреба на службената положба и овластувањето, помошник-министер и началник на оперативна техника на УБК во МВР.

Во врска со истрагата за „Друмарина“ што се води за поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Јанева најави дека истрагата може да се прошири за уште еден пратеник.

„Има разговор и за други пратеници. Но, мислам дека Јавното обвинителство на РМ не е спречено да продолжи, а можеби и ќе соработуваме во тој дел.  Сметам дека има уште еден разговор за друг пратеник, кој го истражуваме“, рече Јанева.

Во врска со откажувањето на СЈО од барањето за замрзнување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, специјалната обвинителка рече дека тоа го направиле за да не влијае на политичката состојба.

„Мислевме дека треба да одлучиме на друг начин за предметот „Талир“ бидејќи не сакаме да влијаеме на политичката состојба. Тоа барање можеме во секое време да го поднесеме во Основниот суд, тоа беше процесно барање и не беше облигаторно“, појасни Јанева.

Посочи дека во овој момент истрагата за „Талир“ напредува и оти во следните три – четири месеци се очекува да има епилог. Овој случај се однесува на сомнение за перење пари и незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашање за новиот распоред на судиите во Кивичниот суд рече дека не е битно кој ќе суди, туку битно е да се суди независно и непристраано.

Според Јанева она што ја одбележа 2017 година е почетокот на судскиот процес за прислушувањето.

Одговарајќи за злоупотребите со АКМИС-системот при распределбата на предметите во судовите, рече дека тие извршиле влијание врз судските постапки.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: истрагаСЈОСтрански Службисудски постапки
Share48Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result