• Latest

Архитиповите како проблем во дејствувањето на работничката класа (1 дел)

October 5, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Архитиповите како проблем во дејствувањето на работничката класа (1 дел)

October 5, 2020 09:27
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ГОРДАН СТОШЕВИЌ

Деновиве со внимание следам што сé се случува во политичкиот дискурс во Македонија, каде преку ефтин популистички наратив, одредени „фактори“ се обидуваат на мала врата да се самопромовираат како заштитници на работничката класа. Видете да се разбереме, во изминативе 30 години до тој степен беше девастирана работничката класа, да најмалку уште толку време ќе биде потребно да ѝ се вратат главните обележја како на класа која е посебна, класа сама за себе. Овде не говорам за класа по урнекот на онаа од зачетокот на индустриската револуција, ниту пак во оние историски околности во кои таа можеше да ја манифестираа својата моќ. Овде говорам, пред сé, за моменталните историски околности, каде работничката класа е исклучена од општествените токови преку нејзина потполна пасивизација на полето на општествената одговорност и политичката активност.

Се прашувате, кому тоа му оди во прилог ваквата состојба во која се наоѓа работничката класа? Се разбира, на единствениот нејзин класен непријател во историјата, буржоазијата. Буржоазијата е таа која дијалектичко-материјалистичката аномалија во едукацијата на работничката класа ја използува максимално, пред сé, поради нејзината самоидентификација, каде што истата во недостаток на теорија и пракса во нејзиното делување е принудена во лингвистичката теорија да добива нов идентитет. Ако некогаш имавме моќен интернационален пролетаријат, денес имаме атрофиран и дисперзиран номадски прекаријат, кој е исклучително класно неосвестен.

Проблемот на генезата во подемот и падот на работничката класа не лежи само во нејзината структуираност, како последица на историските околности, туку и од сето она што со себе како колективна свест го носи најмоќниот општестествен двигател во историјата. Сето ова доаѓа во израз со поделбата на работата, која работникот го сведува на понижувачка функција, која како вели Прудон, одговара на расипаната душа како последица на умирањето на совеста, што е спротивно од Марксовата теорија за експлоатација на трудот.

Накратко, воведувањето на машините ја зголемило поделбата на работата во општеството, поедноставувајќи ја работата на работникот во работилница, концентрирајќи капитал преку распарчување на човечката индивидуа. За да биде трагедијата уште поголема, работничката класа никогаш не научи дека машините не се само средства за работа, а уште помалку економска категорија, колку што не е ниту волот кој влече плуг, напротив, тие се производна сила. Додека, пак, фабриката која почива на примената на машините во работниот процес, е општествен однос на производство, те. економска категорија. Оттука, не треба да се придава толку голема важност на средствата за работа, бидејќи самите тие не можат да произведуваат (барем не во оваа технолошка ера) а притоа тоа да не биде резултат на човековиот ум и труд. За жал, ваквото незнаење сепак не можеше никако да се надополни низ историјата, останувајќи засекогаш во колективната  меморија на работничката класа, што остави простор за манипулација со неа.

Дали проблемот лежи во колективното несвесно?

Јунг сугерира постоење на подлабок слој во структурата на личноста, што тој го нарекува колективно несвесно. Колективното несвесно е складиште на латентни траги од сеќавања на човештвото, па дури и на нашите антропоидни предци. Одразува мисли и чувства кои се заеднички за сите човечки суштества и се резултат на нашето заедничко емотивно минато.

Како што кажува и самиот Јунг, „колективното несвесно го содржи целото духовно наследство на човечката еволуција, оживеано во структурата на мозокот на секоја индивидуа“. Така, содржината на колективното несвесно е формирана заради наследноста и е иста за целото човештво. Јунг претпоставува дека колективното несвесно се состои од силни примарни ментални слики, таканаречени архетипови или примарни модели.

Архетипот е стереотип, жиг во човековото размислување, посветен на културната и историската традиција, стабилна, често фигуративна, симболична, идеја за нешто. Во јунговската психологија, архетиповите претставуваат универзални обрасци и слики кои се дел од колективното несвесно. Јунг верува дека ги наследуваме овие архетипови на начин на кој наследуваме и инстинктивни обрасци на однесување.

Потеклото на архетиповите е од суштинска важност, и многумина се прашуваат од каде потекнуваат овие архетипови? Колективното несвесно, верува Јунг, било таму каде што постоеле овие архетипови. Тој посочува дека овие модели се вродени, универзални и наследни. Архетиповите се незанемарливи во однос на тоа како доживуваме одредени работи. Сите најмоќни идеи во историјата се враќаат во архетиповите, објаснува Јунг во својата книга Структурата на психата.

Можеби денес индиферентноста на работничката класа треба да се побара во однесувањето на човечките индивидуи како последица на архетип од колективното несвесно, архетип кој непобитно ги одразува нагоните за себичност, каде индивидуалниот карактер на човекот има предност пред колективниот на заедницата. Сепак материјалистичкото толкување на историската вистина го исклучува ваквиот пристап, од проста причина што укинувањето на приватната сопственост и капиталот, како главни виновници за експлоатација на човечкиот труд, се историска неизбежност. Таа света мисија ја има пролетаријатот, кој е средство во рацете на историската нужност, исто онака како што народите во Хегелијанската мисла ја имаат улогата во однос на светскиот дух. Акцент на ова прашање става самиот Карл Маркс во Втората глава – Метафизика на политичката економија од неговото брилијантно дело Беда на филозофијата, како одговор на Прудоновата Филозофија на бедата.

 


Авторот е основач и главен и одговорен уредник на веб порталот IL GRIDO DEL POPOLO.
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ