• Latest

Aрифи до Касами: Должни сте да се грижите за потребите на граѓаните, а не за своите потреби и потребите на вашата политичка опција

February 11, 2022
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Aрифи до Касами: Должни сте да се грижите за потребите на граѓаните, а не за своите потреби и потребите на вашата политичка опција

February 11, 2022 11:54
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По три месеци молчење, поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи денес говореше во Утрински брифинг.

-Актуелниот градоначалник продолжи да води предизборна кампања иако е веќе градоначалник. Жал ми е што поради фактот што не може и не знае да се носи со проблемите на градот кои реално се големи, тој се занимава со мене. Што се однесува до обвинувањето дека имало 800 луѓе вработени со договори на дело, секако дека нема такви. Направени се исплати на луѓе во различни комисии но не станува збор за вработувања, туку за завршени ангажани за општината. Не е коректно да се влечат попусто имињата на луѓето во јавноста, вели  Арифи за Утрински брифинг.

Таа додава дека општината Тетово ја затекнала задолжена и сите години работела со тој долг и го менаџирала и не дебатирала за тоа како настанал тој долг оти граѓаните тоа не ги интересира туку ги интересира функционирањето на градот.

-Поради неспособноста да даде резултати се занимава со мене. Негова најголема заслуга во овие три месеци е укинувањето на велосипедските патики. Да укинете 6 километри велосипедски патеки во презагаден град не е добар потег. Второ достигнување му е замирање на штотуку започнатиот јавен превоз, а трето достигнување е поскапување на паркингот за кој во кампањата велеше дека ќе биде бесплатен, вели Арифи.

Општина Тетово е голема општина со големи проблеми и комплексни состојби. Арифи вели дека токму затоа одбрала овие три месеци да му остави простор на новиот градоначалник Касами време да постигне нешто. Таа додава дека е очигледно оти намерата со поддршката на Касами за градоначалник била да се смени власта преку нејзино уривање, но бидејќи тоа не се случи, гневот е голем.

Сега се забелжува друга тактика на опозицијата – блокирање на работата на Собранието, со можност да се излезе на улица на протести.

-Власта има мнозинство и сите кризи кои се случија во овие две години предизвикуваат незадоволство кај граѓаните. Но тоа незадоволство не секогаш предизвикува гнев кај граѓаните, но ако бидат изманипулирани и излезат на улиците да ја уриваат власта ќе прекинат процесите на преговори со Бугарија и оттука процесот на евроинтеграции, вели Арифи.

Тезата на опозицијата е дека со освојувањето на многу општини сега треба да ја освојат централната власт за да можат општините да функционираат.

-Не е нужно градоначалниците и централната власт да се од иста политичка страна. Ако вие ги добивате изборите од граѓаните на општината, вие сте должи да се грижите за нивните потреби, а не за своите потреби и потребите на вашата политичка опција, вели Арифи и додава дека градоначалникот треба да лобира и подготвува проектна документација за да добие средства и од странските фондови.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ