• Latest

Арсовска бара избори за Градското собрание, советниците порачуваат: „Ќе се распуштиме заедно со неа само да излеземе од агонијава“

November 30, 2022
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Арсовска бара избори за Градското собрание, советниците порачуваат: „Ќе се распуштиме заедно со неа само да излеземе од агонијава“

November 30, 2022 15:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вчера порача дека доколку не биде изгласан буџетот за 2023 година, може да се оди на избори за Советот како што беше случај во Општина Тетово. Таа притоа додаде дека не размислува да поднесе оставка.

„Доколку советниците одлучат дека не треба да поддржат функционален буџет за граѓани, за реализација на проектите и за модерно Скопје, тогаш, по автоматизам, нивниот мандат престанува и ќе си одат на локални избори и ќе си дојдат советници кои ќе работат во интерес на граѓаните. Меѓутоа, мој личен впечаток е дека таму има искусни луѓе, и во политиката и како советници, и никој не би понел таква политичка штета по нив“, посочи Арсовска.

За тоа дали се чувствува некаква политичка штета и дали се потребни избори, „Локално“ поразговара со дел од советниците во Советот на Градот. Советникот од редовите на СДСМ, Гордан Шутаров вели дека како членови на Градското собрание се уште го немаат видено предлог-буџетот за наредната година.

-Се надевам дека градоначалничката Арсовска во најбрз мозен рок ке ни го достави буџетот, за да можеме истиот да го разгледаме и да оформиме став. Сигурно дека како советничка група ке поднесеме и определени амандмани за реални проекти и потреби за граѓаните кои не гласале да бидеме нивниот глас во советот на Градот Скопје, рече Шутаров.

Според него, гласањето на Буџетот пред се зависи од мнозинството во Градот и од тоа колку другите советнички групи ке поднесат апликативни амандмани за да донесат како Совет добар Буџет.

-Се надевам дека свесноста и разумот за ситуацијата во која се наоѓа Градот Скопје ке ја надвладее партиско-политичка реторика и дека конечно препукувањата и циркузот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска ќе прекине и дека ќе се создадат демократски услови да донесеме буџет на Градот Скопје за 2023 година кој ке биде во интерес на граѓаните, а не во интерес на добивање на политички поени и блокади, истакна Шутаров.

Теодора Крстевска од коалицијата „Движење одлучно за промени“ во разговор за „Локално“ вели дека проблемот во Град Скопје не е во советот, туку во игнорантниот и арогантен однос на градоначалничката.

-Изминатава година, откако е на функција градот за жал тоне. Нема визија, нема проекти, нема ништо од модерното Скопје кое го ветуваше. Се што гледаме е постојано менување на директорите на јавните претпријатија, прекинување на веќе започнати проекти, буквално блокирање на се она што ќе донесе добро за скопјани и Скопје. Наместо БРТ, добиваме хаос во јавниот превоз, замислете Скопје е единствената метропола која нема прочистителна станица! И каде е тука проблемот? Во советот?, прашува Крстевска.

Таа потенцира дека градоначалничката нема поддршка од ниту една советничка група, ниту од опозицијата ниту од мнозинството.

-Мислите дека нов совет ќе го реши проблемот? Не. Мислите дека нов совет ќе ја поддржи градоначалничката? Дека ќе има ново мнозинство? Само ќе се вртиме во бескраен круг на избори се додека не заврши нејзиниот мандат. Не постои таква советничка група која ќе обезбеди мнозинство и истовремено ќе ја поддржи. Решението не e распуштање на советот и избори за советници, категорична е советничката.

Според Крстевска, единствено решение е „Арсовска да си даде оставка и да престане да го силува Скопје и скопјани“.

-Ако треба и советот да се распушти заедно со неа, ќе се распуштиме. Само да излеземе од оваа агонија која ја трпиме ние како советници, но и скопјани и градот. Скопје заслужува повеќе!, оценува советничката.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски за „Локално“ жали што се доцни со планирањето на Буџетот.

-Дури пред 2 дена ни беше доставено едно „чудно“ писмо од градоначалникот до секој советник во кое се бара ние да напишеме проекти кои се дел од програмата За модерно Скопје, а би се нашле во буџетот. Иако законската обврска е истиот во финална верзија на Предлог-буџетот да се достави најмалку 20 дена пред неговото донесување до советниците, по ваквите писма изгледа дека градоначалникот се уште е во идејна фаза, вели советникот.

Што се однесува до гласањето на истиот, додава Андоновски, дека активно ќе се вклучат во дискусијата и со свои предлози и идеи ќе придонесат кон поквалитетен буџет на Град Скопје за 2023 година.

-Сметам дека, доколку се изработи квалитетен предлог, нема да има советник кој истиот не би го гласал. Сепак, поважна ќе биде неговата реализација, знаејќи дека ниту од овој ниту од претходниот буџет не се реализирани ни 20% од капиталните инвестиции, порача советникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: локално.мк

Tags: АрсовскаГрад Скопјеизбори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ