• Latest

Арсовска се премисли: Ќе се доврши мостот на булеварот „АСНОМ“

December 22, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Арсовска се премисли: Ќе се доврши мостот на булеварот „АСНОМ“

December 22, 2021 16:24
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска изјави дека ќе се доврши изградбата на новиот мост на булеварот „АСНОМ“.

– Некој отпочнал да гради мост без да има решено над 150-тина имотно-правни прашања, од кои голем дел се веќе влезени во спорни побарувања меѓу физички и правни лица кои немаат врска со Градот. Тие се нешто што треба прво граѓаните да го разрешат меѓу себе, а понатаму да пристапиме кон експропријација на нивните имоти, изјави Арсовска одговарајќи на новинарско прашање.

Таа нагласи дека како градоначалник ќе биде посветена на сите почнати проекти да се реализираат, но вели дека за динамиката на реализација не може да гарантира. Потенцира дека некој почнал проект, а не знаел како ќе го реализира.

Според неа, во делот на мостот на булевар „АСНОМ” има над 170 имоти кои не се завршени, односно не е завршена постапката на експропријација, има имотно-правни спорови.

– Мостот ќе се доврши, но уште поважно во оваа фаза е да се потрудиме што е можно поскоро да се пристапи кон тоа да се решат овие имотно-правни спорови, кои во овој момент ги има таму за да може мостот да биде поврзан. Не е проблем изградбата на мостот, тој ќе биде изграден, меѓутоа поврзувањето од обете страни е нешто кое има повеќе имотно-правни спорови, појасни Арсовска.

Прашана за референдумот за проектот за брз автобуски превоз во Скопје или БРТ- систем, Арсовска рече дека тоа е законска можност која во овој момент ја разгледуваат и која досега не била воспоставена како практика.

– Треба да видиме на кој начин и како би можело да се реализира. За сите прашања кои би биле од интерес да се донесат за граѓаните, тие верувам дека треба да бидат консултирани, изјави Арсовска. Додаде дека тоа значи голема обврска, милиони средства од буџетот и без разлика на кој начин тоа ќе се реализира, таа смета дека граѓаните треба да бидат прашани.

– Анализите кажуваат дека БРТ има толку многу ризици по граѓаните, по инфраструктурата и по Град Скопје и навистина треба да се размислува како и на кој начин сето тоа ќе се изведе, појасни Арсовска. Според неа, граѓаните сакаат проекти кои ќе бидат во нивна корист, а не во нивна штета. Најави дека тој процес ќе го отворат, документите ќе ги дадат на увид и ќе видат што и како може да се направи./МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ