• Latest

Арсовска: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ седум месеци го блокираат Советот и не ја гласаат програмата за јавна чистота

August 20, 2024
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Арсовска: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ седум месеци го блокираат Советот и не ја гласаат програмата за јавна чистота

August 20, 2024 20:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денеска, на прес-конференција, ги обвини советниците од редовите на владеачката партија за блокада во Советот на Град Скопје, а одговорноста за проблемите со кои се соочува Градот рече дека треба да се бара кај нив. Советниците на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска вели блокираат планови за работа без кои што претпријатијата не само што не можат, туку и не смеат да работат.

Градоначалничката посочи дека на вчерашниот состанок со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински предложила решенија за проблемите со кои се соочува Град Скопје, но како што рече, средбата наликувала на „политички циркуз за добивање политички поени”.

Истакна дека на средбата, меѓудругото, предложила да свика вонредна седница на Советот на Град Скопје, каде советниците би ја изгласале програмата за работа на ЈП Комунална хигиена и програмата за јавна чистота, за која, вели, седми месец советниците на владеачката партија не ја гласаат.

– Презентиравме решенија за надминување на блокадите во Советот на Град Скопје, блокади кои што ги креираат советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои три години скопјани ги држат заложници за тоа што не ги имплементираат политиките кои што се неопходни за нашите сограѓани. Предложивме вонредна седница каде советниците ќе ја изгласаат програмата за работа на ЈП Комунална хигиена и за јавна чистота, која што, за жал, седми месец по ред не ја носат. Програмите за работа вообичаено се носат на крајот на годината или на почетокот на годината, а ние сме веќе во втората половина на годината и оваа програма за јавна чистота се уште не е донесена, вели Арсовска.

Градоначалничката додаде дека на средбата предложила и план за набавка на нови еколошки автобуси, според кој советниците би формирале комисија за набавка на нови автобуси и би ја спровеле целата набавка.

– Предложивме и план за набавка на нови еколошки автобуси и тоа понудивме советниците да формираат комисија за набавка на овие нови автобуси и да ја спроведат целата набавка, јас само да ја потпишам. Ова не е ништо ново, ова е веќе понудено две години по ред на секоја седница, пред секоја седница. Побаравме Владата да си го исплати долгот од 8 милиони евра кон ЈСП за бесплатниот превоз на студентите, којшто од 2021 година наваму не се исплаќа, за што одговорот што го добивме беше дека би исплатиле по ребалансот со повлекување на средствата за изградба на нов булевар во Визбегово, што го сметаме за уцена на штета на граѓаните, а не за партнерски однос и нудење на решенија, рече Арсовска.

Прашана дали повторно ќе ја побара довербата од скопјани, Арсовска вели дека нема политички аспирации, додека на бројните прашања во врска со нефункционалноста на јавните претпријатија, градоначалничката одговори дека тоа се должи на неизгласување на програмите за работа од страна на Советот.

– Апсолутно не, политички аспирации немам, ниту ќе собирам политички поени. Сакам проектите кои што се во програмата да се реализираат и тоа е едиснтвената цел која што сум ја имала уште од првиот ден. Сметам дека треба да се инсистира на овие луѓе кои што овие програми седум месеци не ги носат, да се обидеме да ги контактирате зошто не ги гласаат. На седницата која што ние побаравме ние да биде вонредна и итна, тие одлучија таа да биде наредната недела, да дојдете и да ги прашате зошто не ги гласаат овие приограми. Ако вие не сметате дека треба да имаме програма за животна средина до септември месец и ако мислите дека од септември до декември проблемот со загадувањето ќе се реши, јас навистина не знам што да кажам, подвлече градоначалничката. /МИА

Tags: АрсовскаГрад СкопјеМицковски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ