Снежана Петровиќ Арсовска, началничка на Сектор за правни работи во МВР на панелот на ЦИВИЛ „Безбедноста и реформите во полицијата: Поблиску до граѓанките и граѓаните“.
„Реформите во полицијата се еден долг процес за којшто на почетокот треба да имате едно видување каде сме и кој е нашата визија и цели, кои се стандардите и потребите што треба да ги постигнеме и до каде треба да дојдеме за да со задоволство можеме да кажеме дека тој процес пред сè не значи менување на нешто што постои, туку негово подобрување.“
Арсовска нагласи дека за прв пат во Законот за внатрешни работи се предвидува полагање тест за интегритет на кандидатите за вработување во Министерството што е различно од тестот за професионален интегритет на работниците што работат во МВР.
Тестот за интегритет е класично тестирање од стручни лица за да се види профилот на лицето што сака да се вработи во полицијата, кои се гаранциите за неговото однесување во иднина, а тестот за професионален интегритет не се доживува како нешто што секј работник треба да го помине како класично тестирање, туку, напротив добрите пракси и препораките покажаа дека тоа се симулирани ситуации кои се во врска со задачите и обврските на моето работно место, каде што работникот не знае дека всушност е предмет на тестирање на неговиот професионален интегритет, додаде Петровиќ Арсовска.
Мошне битен сегмент во процесот на реформите е реформата во внатрешната контрола на министерството за внатрешни работи, и воспоставување на таканаречен надворешен механизам за контрола на полицијата, што предизвика менување една плејада закони, како што е законот за јавно обвинителство, законот за народното правобранителство, законот за внатрешни работи, затоа што она што беше присутно долго време, години наназад во јавноста, за што сите ние бевме сведоци и беше детектирано како предизвик со кој треба да се справиме со цел обезбедување повисок степен професионалност и доверба кај граѓаните, дека навистина, внатре во рамките на МВР се врши внатрешна контрола на секое постапување на вработените, секако критиките коишто ги имавме и од нашите меѓународни партнери и служби и невладините организации, се направи еден сериозен исчекор кадешто се воспостави посебно одделение во јавното обвинителство, коешто е надлежно за повреди на законот, во ситуација кога тие повреди се сторени од страна на работниците на МВР и затворската полиција, истовремено воспоставување на посебна организациона единица во рамките и кај народниот правобранител каде што има претставници и од невладиниот сектор, и сето тоа во интерес на тоа да се избегнат сомневањата и да се гарантира објективноста, и она таканаречено „солидарност“ на работниците на внатрешната контрола во однос на своите колеги, посочува Арсовска.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети