Работилници наменети за бегалците и мигрантите – баратели на азил, во Центарот за баратели на азил во Визбегово, се одржаа од 6-ти до 10-ти февруари. Работилниците имаат за цел со методот на терапија со уметност или арт-терапија, односно, преку креативен пристап, да се работи со лица кои доживеале траума.
На овие работилници учествуваа 45 лица на различни возрасти, кои доаѓаат од Сирија, Иран и Косово. Учесниците имаа прилика да изработуваат накит, да цртаат и сликаат, притоа комуницирајќи со терапевтите, во разговор, но и преку уметничката творба.
Приодот на арт-терапијата овозможува лицето и терапевтот да се поврзат преку творбата, која претставува фокус за дискусија и анализа.
Како што информираат од Здружението на млади правници, кои се организатори на овие работилници, дополнителна цел е да се подигне самодовербата на улесниците, но и јавната свест за сериозноста на состојбата во која се наоѓаат бегалците и мигрантите.
Досега се одржани пет од планираните петнаесет работилници. Работилниците се дел од Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, и се спроверуваат во соработка со организацијата Ла Страда.