-Сакам да истакнам неколку поенти околу политичките реперкусии на евентуалниот референдум. Се поставува прашањето – Доколку референдумот се случи што тој би донел во Македонија. Да не се повторувам, сметам дека тој ќе биде неуспешен и тука сакамда истакнам една работа – што доколку во Бугарија некои крајно радикални структури подготват иницијатива за собирање потписи и да го постават прашањето – Дали бугарските граѓани се задоволни од т.н француски предлог?
Доколку Бугарите излезат на референдум, ние ќе влеземе во многу сериозниводи на исчекување на одлуките на македонските и бугарските граѓани и ќе бидеме во ситуација да го срушиме целокупниот евро-интеграциски процес. Знаеме дека после две, две ипол години после тоа бугарско вето, со вклучување на највисоката и директна европска и американска дипломатија се постигна овој договор, кој за жал беше манипулиран од руски хибридни закани, полупласирани информации, со невистини и полувистини и во тој случај македонските граѓани нормално беше емотивно да реагираат, вели на Панел дискусијата на ЦИВИЛ, аналитичарот и политиколог Благојче Атанасовски.