Српските медиуми пренесуваат за големото невреме кое ги зафати Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, и кое за малку ќе беше фатално за српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
Тој летал со авион, кога над Љубљана гром удрил во леталото, околу 22.50 часот.
Громот предизвикал голема паника, но за среќа, инцидентот поминал без тешки последици. Пилотот слетал на најблискиот аеродром во Словенија, а Дачиќ го продолжил своето патување денеска.
„Се слушна мала експлозија, видовме блесок. Но, не ни може никој ништо“, изјавил Дачиќ.
Ова не е првпат министерот да доживее ваква непријатност. Кон крајот на мај, авионот во кој се наоѓал Дачиќ се расипал и морал итно да слета во Атина.
М. И.