• Latest

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025 15:30
in АКЦЕНТ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мислам дека се движиме опасно, не само кон назадување на демократијата, туку и кон една сериозна политичка, па и безбедносна нестабилност, како држава, посочи Сефер Селими од Democracy Lab и аналитичар, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – „Демократско назадување: Импликации и последици“.

Многу непријатно сум изненаден како нашето општество свесно го игнорира сиот обид на оваа влада, да ги наруши меѓуетничките односи, и се задоволува само со тоа да покаже дека сите искажани критики во тој правец, доаѓаат од една политичка партија која изгубила власт, па сега плаче за да си ја врати. Мислам дека оваа влада не знам дали е свесно влезена во тој процес, не знам кои се крајните цали на оваа влада, но ги нарушува двата столба на нашата современа држава, а тоа се меѓуетничките односи, споделување на моќта што ја воспоставува рамнотежата во оваа држава како мултиетничка и на сите граѓани, а не „Македонија на Македонците“, што низ историјата се покажа дека не може така да функционира и не е здраво општество, преку нарушување на Охридскиот договор, и тука ги имате сите примери, вели Селими.

Селими се осврнува на два столба врз кои се потпира нашиот политички систем, и посочува и кон нарушување на Охридскиот договор, како еден од двата столба.

И вториот столб, кој не здружува сите како граѓани, е суспензијата на процесот на интеграција во Европската Унија, и врз кој се потпира нашиот систем,  со кој се предизвикува реакција. А која ќе биде таа ракција допрва ќе видиме, вели Селими.

Демократијата умира секогаш кога има безбедносни предизвици, и затоа имам дилеми зошто оваа влада удира токму на овие два столбови, дали е тоа за да се воспостави авторитарен режим, кој наликува со тој на нашиот нов стратешки партнер Орбан, и реплика на режимот на Вучиќ во Србија, или ова го прави несвесно, незрело, од немање чувство што тоа може да предизвика, посочува меѓу другото Селими.

Во однос на медиумите и невладините организации, Селими упати критики дека речиси и да нема телевизија која објективно ја следи работата на владата, и дека очигледна е автоцензурата во медиумите. Додека за невладините организации посочи дека недостасува реален ангажман, а критичката маса се сведува на индивидуалци.

Гледаме дека веќе нема цензура, туку има автоцензура во медиумите. Не гледам некоја телевизија која критично се однесува и ја следи објективно работата на оваа влада, а невладиниот сектор веќе како да не постои, недостасува реален ангажман од нашите колеги кои би се залагале и во отсуство на фондови, и гледаме дека нашата критичка маса веќе не е маса, туку се индивидуалци кои тешко дека можат да пробијат во јавниот простор, посочи на крајот Сефер Селими.

Д. Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Б. Јордановска – ЦИВИЛ


Панелот е дел од меѓународната конференција “Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, како дел од проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ