• Latest

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025 19:43
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) на 147. седница донесе одлука за поништување на потврдената листа на советници за Град Скопје поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ), откако добила информација дека на листата се наоѓа починато лице. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека гласовите за оваа листа ќе се сметаат за неважечки, а случајот ќе биде проследен до Јавното обвинителство.

Од ДНЕТ, пак, за ЦИВИЛ изјавија за оваа одлука на ДИК дознале од медиумите.

„Нашиот претседател, Шефот на изборниот штаб и носителот на листата веднаш побараа состанок со ДИК, но бидејќи претседателот и членовите не беа присутни, разговаравме со секретарот, кој најави дека ќе бидеме известени во законскиот рок,“ изјавија од ДНЕТ за ЦИВИЛ.

Во изјавата за ЦИВИЛ, од ДНЕТ информираат дека Општинската изборна комисија на Град Скопје претходно утврдила дека листата е без недостатоци и дека токму државните институции се одговорни за техничките проверки.

„Веруваме дека оваа ситуација е намерна и ќе ги преземеме сите правни чекори,“ рече претседателот на партијата Ердоган Сарач, додавајќи дека за случајот биле информирани претставниците на ОБСЕ/ОДИХР, Полона Зајец и Јулија Манчин.

Наспроти тоа што нивната листа е поништена, а ДИК соопшти дека гласовите за оваа листа ќе бидат сметани за неважечки, од партијата порачуваат дека остануваат во трката.

„Според одлуката донесена од Општинската изборна комисија на Град Скопје, во нашата изборна листа нема никакви недостатоци. Исто така, државните институции се одговорни за отстранување на можни технички пропусти“, инсистираат од ДНЕТ.

Одлуката на ДИК беше доставена до ДНЕТ дури по 19 часот. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ја доби на увид одлуката од ДИК.

„Државната изборна комисија, постапувајќи по службена должност, потврдената листа за членови на совет на Град Скопје од подносител политичка партија Движење за Национално Единство на Турците – ДНЕТ, со решение бр.11-132/3 од 23.09.2025 година донесено од страна на Град Скопје од страна на Изборната комисија на Град Скопје, ЈА ПОНИШТУВА“, пишува во одлуката на ДИК.

Понатаму, во одлуката се вели дека дадените гласови за поништена листа за членови на совет на Град Скопје за политичка партија Движење за Национално Единство на Турците – ДНЕТ, членовите на избирачките одбори ќе ги евидентираат како неважечки гласачки ливчиња во записниците за гласање.

Освен тоа што пишува дека „оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување“, во документот од ДИК нема правна поука.

„Ќе ги преземеме сите потребни правни чекори. Со ваквата скандалозна одлука, како Движење за национално единство на Турците, бараме оставка од Општинската изборна комисија на Град Скопје и бараме од Државната изборна комисија да ги одложи изборите за 14 дена и да ја исправи оваа неправда“, побараа од ДНЕТ.

ЦИВИЛ нотира дека временскиот момент на одлуката на ДИК може да предизвика загриженост во однос на навременото остварување на правото на ефективен правен лек и еднаквиот третман на учесниците во изборниот процес.

Подготви: Мониторинг тимот на ЦИВИЛ

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ