• Latest

АВМУ: Нема прекршувања на Изборниот законик при известувањето во вториот круг од изборната кампања

November 5, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

АВМУ: Нема прекршувања на Изборниот законик при известувањето во вториот круг од изборната кампања

November 5, 2021 14:33
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нема прекршувања на одредбите од Изборниот законик при известувањето во вториот круг од изборната кампања, констатира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

АВМУ денеска го објави Извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во вториот круг од изборната кампања (од 18 септември до 29 октомври 2021 година), а со мониторингот беа опфатени вкупно 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења и Клан Македонија и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ1, МРТ2, Собранискиот канал и Првата програма на Македонското радио (МРА1).

-Резултатите од мониторингот покажаа дека не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик. И во вториот круг од кампањата, во дневноинформативните емисии во втор план остана увидот во конкретната содржина на изборните програми за развој на општините, а низ извештаи, изјави и низ соопштенија приоритет ѝ се даде на гласноста на (пост) митингашките меѓупартиски дуели, доминантно олицетворени во јавните настапи на лидерите на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ, Беса и Коалицијата меѓу Алијансата на Албанците и Алтернатива, наведува Агенцијата.

Како што оценува АВМУ, низ централниот ТВ-дневник на анализираните радиодифузери, известувањето за кандидатурата на градоначалниците, во најголем број случаи се сведе на изјави селектирани од платен, коалициски/партиски промотивен материјал, емитуван во одвоена рубрика, но без метод на соочување меѓу соперниците за власта во една општина.

-Информативните редакции на Јавниот сервис – МРТ1, МРТ2 и МРА1 ги исполнија барањата од Изборниот законик за четириделна тематска поделба на своите централни дневноинформативни емисии, и тоа на тематски групи од по 30 отсто – за власта, за опозицијата и за актуелни настани од државата и од светот, и 10% за независните кандидати и за активностите на вонпарламентарните партии. Во однос на дебатите, националните радиодифузери главно беа заинтересирани за дуелите за градот Скопје и за скопските општини – Центар, Карпош и Чаир, како и за поголемите македонски општини – Битола, Куманово, Тетово, Кичево, Охрид и Гостивар, општини кои и низ дебатите на аналитичарите на македонската политичка сцена беа апострофирани како клучни за положбата на актуелната, коалициска извршна власт од СДСМ и од ДУИ, стои во  Извештајот.

Според АВМУ, интервјуата и во вториот изборен круг се покажаа како редакциска резервна варијанта за приказ на политичката понуда „зашто одредени радиодифузери повторно се соочуваа било со отворен бојкот било со други причини за избегнување на планираната дебата“.

Мониторингот покажа и дека информирање за лицата со сетилна попреченост единствено обезбедија МРТ 1 и ТВ 24 Вести.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ