• Latest

Јавни презентации за ослободување на медиумскиот простор и градење слободно општество

April 12, 2018
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јавни презентации за ослободување на медиумскиот простор и градење слободно општество

April 12, 2018 10:13
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Слободни медиуми за слободно општество“ е проект, кој, пред сѐ, спроведува промоција и граѓанска едукација за слободата на медиумите како предуслов за слободно општество, но и има за цел да создаде целосно независна медиумска платформа што ќе служи како јавен ресурс за медиумите, граѓанските организации и сите активни граѓанки и граѓани.

За таа цел ЦИВИЛ организираше јавни презентации на кои не само што се промовираше проектот, туку се дискутираше за улогата на медиумите во демократизација и ослободување на општеството, за граѓанското учество и можноста за активно учество на граѓанките и граѓаните кои со свои предлози, препораки, коментари, сведоштва и информации што ќе ги споделат со тимот на ЦИВИЛ директно ќе влијаат на креирање на медиумскиот простор во Македонија.

ЦИВИЛ во периодот што доаѓа ќе ги интензивира јавните настани, по веќе осум одржани од почетокот на проектот.

Перспективи 2018

Јавниот настан „Перспективи 2018“  се одржа на 22 и 25 декември 2017,  и беше одлична можност за ЦИВИЛ да ги презентира проектите, извештаите и ставовите кои се однесуваат на слободата на изразувањето и медиумските слободи, човековите права и слободи, социјалната правда, екологијата, младите, изборниот процес и демократската трансформација на општеството.

ЦИВИЛ покани експерти, истакнати јавни личности, активисти, медиумски работници, а беа поканети и медиумите да се информираат и да земат изјави за сѐ  што ЦИВИЛ како организација и ЦИВИЛ Медиа како медиумска платформа го покриваат во доменот на човековите права и слободи, слободата на изразување и медиумската слобода.

Јавниот настан Медиумско-граѓански понеделник за слободно општество ги спои медиумите, граѓанските здруженија и граѓанките и граѓаните во една заедничка средба на која се разговараше за слободата без која нема слободни медиуми. ЦИВИЛ ја презентираше медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа како можност за учество во јакнење на граѓанската свест, на слободата на изразување и медиумските слободи. Мислењата и препораките на медиумските  работници беа од огромно значење за развојот медиумската платформа како ресурс не само на медиумите, туку и на граѓанските организации.

Медиумско-граѓански понеделник

ЦИВИЛ исто така организираше јавни настани за граѓанските активстки и активисти, граѓанки и граѓани кои бараа начин и можност активно да се вклучат во креирањето на општеството и медиумите.

Јавна презентација, Скопје

Јавни презентации се направија во Куманово, Струмица и Скопје. Освен презентирање на проектните активности, присутните имаа можност да се запознаат со начините за нивно активно ослободување на медиумите и градење на слободно општество.

Проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Б. Ј.

 

Tags: јавни презентациислободни медиумислободно општествоЦивил
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ