• Latest

Јавниот сектор очекува нов колективен договор, К-15 едно од поважните прашања

March 24, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јавниот сектор очекува нов колективен договор, К-15 едно од поважните прашања

March 24, 2018 13:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во јавниот сектор очекуваат потпишување на нов колективен договор со кој се надеваат дека ќе добијат поголеми права од оние што се пропишани во постојните закони и враќање на надоместоците и додатоците за плата. Едно од прашањата што ќе биде отворено за време на преговорите е и исплатата на регресот за годишен одмор познат како К-15.

Преговорите за новиот колективен договор на 6 март ги најавија двата социјални партнери – Синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација. И двете страни тогаш изразија надеж дека ќе дојдат до најдобри решенија за вработените во јавната администрација.

Од страна на Синдикатот на УПОЗ веќе е формирана работната група која ќе преговара со ресорното Министерство и оваа информација, како што велат, е доставена до МИОА. Од УПОЗ очекуваат во наредниот период да се договори терминот за почеток на преговори со надлежните во ресорното Министерство.

– Синдикатот на УПОЗ веќе подолг временски период бара потпишување на нов грански Колективен договор за државните службеници и другите вработени во јавната администрација. Иако за ова барање се разговараше со многу министри, најголемиот напредок се постигна изминатиот период што резултираше и со заедничката изјава на Синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество (МИОА) и администрација, кога се најави формирање на работни групи кои во наредниот период ќе работат на подготовка на нов грански Колективен договор, нагласуваат од УПОЗ.

Од Министерството за информатичко општество и администрација кратко одговорија дека се уште пристигнуваат номинации за членови на работната група  и оти кога ќе се комплетира листата на членови, работната група ќе го одржи својот прв состанок на кој ќе се дефинираат целите и динамиката на работа.

Со сигурност не може да се предвиди кога процесот ќе заврши и кога ќе биде потпишан колективниот договор. Од МИОА посочуваат дека со колективниот договор се засегнати голем број на граѓани и оти се предвидува широк консултативен процес така што потпишувањето зависи од сите засегнати страни вклучени во процесот, додека од Синдикатот на УПОЗ веруваат дека доколку се најде заеднички јазик за најважните прашања за работниците би можело колективниот договор да биде потпишан во најкраток можен рок од неговата изработка.

– Социјалниот дијалог што го воспоставивме со овој состав на МИОА засега функционира одлично и благодарение на досегашната соработка работниците од јавната администрација со измените на Законот за административни службеници веќе добија неколку поголеми права, се регулираше исплатата на степенот на кариера, се прифати барањето за фексибилно работно време и ќе се почне со работа на новиот колективен договор. Ова ни дава за право да веруваме дека доколку најдеме заеднички јазик за најбитните прашања за работниците, Колективниот договор би може да се потпише во најкраток можен рок по неговата изработка, изјавија од УПОЗ за МИА.

К-15 и за вработените во јавниот сектор

Едно од поважните прашања за кое се очекува да стане збор за време на преговорите секако е и исплатата на регресот за годишен одмор или К-15 за сите институции во јавната администрација. Синдикатот на УПОЗ веќе најави дека регресот на годишен одмор ќе биде едно од основните барања при потпишување на новиот колективен договор.

–  Иако со поединечни колективни договори ова право е предвидено и се исплаќа, со потпишување на грански Колективен договор исплаќањето на регресот за годишен одмор би било задолжително за сите институции во јавната администрација. Покрај ова барање, ќе се разговара и за јубилејни награди, дневници за службените патувања, додатоци за плата за работа во смени, ноќна работа и прекувремена работа, зголемување на платените денови од годишен одмор, дисциплинските постапки и за нас најбитното прашање пресметката и исплатата на платите да се регулира со Колективен договор, а не како сега со Закон, истакнуваат од Синдикатот на УПОЗ.

И од ресорното Министерство потврдуваат дека ова прашање ќе биде едно од неколкуте за кои ќе се разговара, но, како што велат, ставот по ова прашање ќе биде дефинирано заедно со Синдикатот на УПОЗ.

Колективен договор за јавен сектор не е потпишан од 1995 година. Досега, Законот за работни односи и законите кои ја регулираа работата на јавната администрација претрпеа суштински измени од кои некои беа и на штета на работниците. Затоа со новиот колективен договор се очекува вработените да добијат поголеми права од оние што се пропишани во постоечките закони.

Билјана Анастасова – Костиќ 


извор: МИА

Tags: јавна администрацијаК-15колективен договорПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ