• Latest

Јавно-приватен дијалог за развој на бизнисот

May 9, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јавно-приватен дијалог за развој на бизнисот

May 9, 2018 15:18
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Бизнис заедницата од четирите стопански комори во државава и Владата денеска со Меморандум се обврзаа за  унапредување на соработката и јакнење на дијалогот, особено во делот на легислативата, што треба да резултира со олеснување на регулаторното оптоварување на приватниот сектор и да го поттикне неговиот раст.

– Јавно-приватниот дијалог овозможува структуриран пристап, со учество и инклузивност на главните засегнати страни во креирање на политиките во насока на реформи на владеењето и за реформи на амбиентот за создавање стимулативно деловно опкружување, оцени премиерот Зоран Заев.

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска потенцираше дека со потпишувањето на договорот почнува нова страница за деловната заедница, со воспоставување формален механизам за рамноправно учество на Владата и приватниот сектор во јавно приватно партнерство и дијалог.

Според директорот на Канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија Едвард Гонзалес,  во последните месеци е зголемен дијалогот меѓу Владата на Република Македонија и приватниот сектор.

– Коморите поаѓајќи од заедничките интереси во застапување на компаниите заедно со Владата на Република Македонија ќе ги градат политиките кои ги засега секој сектор во стопанството, особено микро, малите и средните претпријатија, изјави Гонзалес и додаде дека заедничкиот дијалог и градење на консензус е вистинскиот прв чекор кој се очекува да даде позитивни резултати кои ќе ги олеснат регулаторните оптоварувања со кои се соочуваат компаниите и ќе го поттикне растот на приватниот сектор во Република Македонија.

Меморандумот е дел од Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ што го спроведува Епи Центар Интернационал во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанска комoра на северозападна Македонија и МАСИТ. (МИА)

Tags: Влада на Република МакедонијамеморандумрасправаСојуз на стопански комориУСАИД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ