• Latest

Азербејџан прогласи амнестија за ерменските борци во регионот Нагорно Карабах

September 22, 2023
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Азербејџан прогласи амнестија за ерменските борци во регионот Нагорно Карабах

September 22, 2023 10:16
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Азербејџан прогласи амнестија за ерменските борци во регионот Нагорно Карабах кои го предаваат оружјето, иако некои од нив најавија дека ќе продолжат со отпорот, изјави советникот на азербејџанскиот претседател Хикмет Хаџиев.

Ерменците, кои го сочинуваат мнозинството во Нагорно-Карабах, во четвртокот рекоа дека им се потребни безбедносни гаранции пред да го предадат оружјето, откако Азербејџан објави дека го вратил отцепениот регион под своја контрола по 24-часовната воена операција.

Како што пренесуваат странските агенции, Хаџиев најави дека Баку планира амнестија за сите борци од Карабах кои ќе го предадат оружјето.

„Гледаме дека во овој момент некои поединечни армиски групи и офицери јавно објавија дека нема да се согласат со нашите услови и дека ќе продолжат со својот отпор. Гледаме и дека некои помали групи одат во шумата. Но, ние не го гледаме тоа како голем безбедносен предизвик. Секако, тоа носи одредени предизвици и тешкотии, но не во толку големи размери“, изјави азербејџанскиот претставник.

Тој рече дека ќе се почитуваат правата на Ерменците од Карабах како дел од нивната интеграција во Азербејџан, додавајќи дека тие побарале хуманитарна помош, како и снабдување со нафта и бензин.

Хаџиев најави дека денеска во овој регион ќе бидат доставени три товари хуманитарна помош.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече дека Ереван е подготвен да прифати бегалци од Нагорно Карабах.

Вчера беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу азербејџанските вооружени сили и ерменските војници во отцепениот регион Нагорно-Карабах, населен главно со Ерменци.

Договорот беше постигнат со посредство на руски мировен контингент, откако официјален Баку започна антитерористичка операција во Нагорно-Карабах за да го врати уставниот поредок во областа контролирана од ерменските сепаратисти.

Tags: АзербејџанЕрменијаНагорно Карабах
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ