Bo Будимпешта осамнаа билборди со ликот на бегалецот Никола Груевски. На билбордите на насловна страница на водечкиот економски магазин „ХВГ“ се појавува Груевски со порака „Ја сакам Унгарија“ под која веднаш има лисици.
„И покрај тоа што пасошот му беше одземен, врз основа на одлуката на министерот за внатрешни работи, тој влегол во Унгарија со патен документ кој му овозможил еднократен влез. Според сегашното законодавство на Унгарија за азил, Груевски морал да докаже дека Албанија, Црна Гора и Србија, низ кои транзиритирал, не можеле да му обезбедат соодветна заштита. Тој очигледно успеал да ја убеди Канцеларијата за имиграција и азил дека овие земји не се безбедни за него“, вели Сомоѓвари за „Макфакс“.
Бегалецот Груевски е близок до Виктор Орбан кој во таа земја доби политички азил, образложувајќи дека во Македонија е политички прогонет од власта на Заев.