Бахреин нареди да бидат препечатени 17.000 учебници на англиски затоа што во нив Заливот, каде се наоѓа островската држава, бил означен како Персиски Залив.
Терминот е политичко табу за Бахреин и за останатите арапски држави од Заливот, коишто го обвинуваат неарапскиот Иран (некогашна Персија) за стремеж да доминира во регионот и инсистираат на името Арапски Залив.
Министерството за образование на Бахреин ангажира неименувана странска компанија да ги отпечати учебниците за трети клас, обезбедувајќи му „соодветен материјал за учебникот, вклучително и карта на Арапскиот Залив“.
Според службеник во Министерството, грешката била забележана при дистрибуција на учебниците. Компанијата била задолжена да препечати 17.000 примероци од учебникот со корекција на грешката.
Американскиот претседател Доналд Трамп го разгневи Иран во октомври, кога скршна од традиционалната дипломатска терминологија и во политичкиот говор го користеше терминот Арапски Залив.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини