Categories

ГРЦИЈА Бакојани: Ципрас има мнозинство пратеници за Договорот од Преспа

Дора Бакојани тврди дека грчкиот премиер Алексис Ципрас, има обезбедено 151 пратеник во грчкиот парламент за Договорот од Преспа, пренесува грчката телевизија „Скај“.

„Ципрас има обезбедно мнозинство на пратеници за Договорот од Преспа и ова предизвика големо разочарување кај Каменос“, вели Бакојани.

Инаку, Каменос преку видео, му се закани на Ципрас, дека ќе ја напушти владината коалиција, кога на дневен ред ќе пристигне ратификација на договорот од Преспа во грчкиот парламент. Бакојани коментира дека тоа е затоа што, за сите следни одлуки на Ципрас, повеќе нема да му биде потребен Каменос.

А. М.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email