• Latest
ГЛАСАЧИ СО КОКОШКИНО ПОМНЕЊЕ Не се кокошки, само имаат кокошкино памтење

БАЛКАНСКИ ИЗБОРИ: Гласачите мислат дека проблемите најдобро ќе ги решат оние кои ги создале!

June 1, 2023
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

БАЛКАНСКИ ИЗБОРИ: Гласачите мислат дека проблемите најдобро ќе ги решат оние кои ги создале!

После низа скандали, Мицотакис доби пас за нови избори на кои секако ќе победи. A имаше и самиот лошо претчувство пред помалку од три месеци за исходот од гласањето. И со право! Ердоган повторно е претседател откако го доведе населението до банкрот со својата исламска верзија на банкарството. Вучиќ навива за брзи избори, сметајќи дека, после двата масакри врз деца и млади луѓе во неговата земја, со гласот на мнозинството, макар и тенко, ќе ја симне крвавата скрама од лицето на Србија и тој ќе може да ја облече новата бела кошула на невиноста, како сега да влегол во политиката

June 1, 2023 15:13
in АНАЛИЗИ, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
ГЛАСАЧИ СО КОКОШКИНО ПОМНЕЊЕ Не се кокошки, само имаат кокошкино памтење

ГЛАСАЧИ СО КОКОШКИНО ПОМНЕЊЕ Не се кокошки, само имаат кокошкино памтење

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

На Балканот никогаш не недостасувале драми. Покрај некои тековни, како што ни ги носат оние веќе видени сцени во северниот дел на Косово, користењето на грчко-римско борење на политичарите во Софија постизборно, пред нас продефилираа и граѓаните на Белград. Нивните четири масовни протести (во меѓувреме доаѓа и петтиот) кои беа насочени против власта на Вучиќ и запрепастија со силата на молкот на демонстрантите, тие предизвикаа и страв во владејачките кругови што тешко се сокрива. Контрамитинзите, а ги имаше само два, не го дадоа тој резултат, дури се покажаа контрапродуктивни, бидејќи насила собраните митингаши се разбегаа пред да го слушнат Вучиќ. Што би рекол еден јунак на Бранко Ќопиќ во „Осмата офанзива“ – не беа доволно „антипротивни“.

Како гласа Балканецот?

Предвремените избори во Србија се насетуваат, иако секако зависат од проценката на потенцијалното расположение на граѓаните. Ако се лоши, Вучиќ ќе ги одложи за друго време. Во Грција ќе се одржат повторени избори на крајот на јуни, откако НД и Мицотакис не добија доволно гласови за самостојно водење на државата. Заради специфичните изборни закони во оваа земја, се очекува дека таа задача Мицотакис ќе ја оствари. Зошто не се остварија претпоставките дека многуте афери ќе го симнат од кормилото на државата?

Ниту Ердоган не изгуби, иако мораше да оди во втор круг на гласање, откако зад неговото досегашно владеење – да се изразиме дипломатски – нема доволно суперлативи за нов пас кон веќе две децении чуваните позиции со сите средства. Дури по многу индикатори се очекуваа чуда – моќниот Ердоган да замине од сцената!

Како гласа просечниот Балканец? Кои се неговите мотиви? Ова се дилемите кои се вртат додека ги следиме вестите од биралиштата.

Епизода прва: Србија се бранува

Таткото на убиеното девојче Софија од ОУ Владимир Рибникар  – Слободан Негиќ во гостувањето во емисијата „Впечаток на неделата“ (21 мај, 21 часот, Нова С) ја отвори душата. Говореше за својата семејна трагедија: Неговата убиена ќерка за да го спаси брата си застанала пред убиецот Коста К. Се жртвувала себеси и спасила и неколку други деца. Суштината на неговото излагање беше насочено кон тоа да ја најде онаа точка во себе после која тој ќе дојде до некаква катарза, просветлување.

Да може оние кои му даваат сочувство да го погледнат во очи и да му подадат рака, а тој да ги охрабри со тоа што и тој ќе ги гледа во очите директно, без свртување на главата. Не била тоа лесна одлука, но мудроста на неговата ќерка, која го добила името по античката божица на промисленоста, доби паралела во оние четири масовни протести кои ги доживеа Белград од страна на своите сограѓани. Тие по таа катарза на улиците го победија стравот со кој нивниот претседател владееше со нив.

„Во изминатата деценија, постепено, се лизнавме од општество со демократски карактеристики во тврд автократски и диктаторски режим, режим на терор, кој ја одржува власта врз основа на заплашување и насилство, дури и на најлошиот вид – да го спомнам убиството на Оливер Ивановиќ и криминалните операции од Ритопек и Јованица. Се отиде предалеку. Институциите се уништени, медиумите се поробени и на грозоморен начин им служат на властите. Главниот организатор на судбината на општеството, чистокрвен радикал, облече ново одело и ја подели Србија на најмалку два дела. На неговата, која не ја дава, иако прават злосторства, и на оние другите, кои не се негови, кои секојдневно се етикетирани како непријатели, крадци, секачи, предавници, странски платеници, хиени и мршојадци, да не зборуваме понатаму“ – коментира еден од најпознатите психијатри на белградскиот Универзитет Љубомиор Ериќ во НИН.

НЕПОТКУПЛИВИ И РЕШЕНИ ДА ОДАТ ДО КРАЈ Оваа маса луѓе е собрана носена од своите емоции и уверувања. Дали има дилеми како би гласал Белград да речеме на локални избори ако тие се случат денес?

Нема двојба дека екипата на Вучиќ се почувствува загрозена како никогаш до сега и дека таа маса на луѓе, која навистина спонтано излезе на улиците, без дневници и сендвичи, без ветувања за чување на нивната социјална позиција, едноставно ја стави и опозицијата во небрано. Таа во мигот нема јасна опција, бидејќи во овој миг е споена со трагедиите, но сосема е јасно дека нивните патеки наскоро ќе се раздвојат. Партиите од лево и од десно имаат некои општи точки кои се секако прифатливи од аспект на демократијата, но факт е дека е тешко претседателот на државата да ги прифати тие барања, особено не заради фактот што неговото најсилно оружје се присвоените медиуми, а јавноста, онаа похрабрата, бара токму жртвување на клучните лостови на владеењето на СНС.

Вучиќ прави импровизации

Засега е видливо дека Вучиќ прави доста импровизации. Неговата огромна суета го натера на серија грешки – полета да биде истражувач на масовните убиства, обвинител и судија, ама падна во живата кал на отсуството на вистинска емпатија. Детето убиец беше најпрвин жртва на завидливите соученици, потоа беше примерок на „разгалената класа“ на богатите белграѓани, во кои се вброија и родителите на убиените деца (!), а немаше сила да се појави во пред очите на било кој од ареалот на трагедијата.

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД СОЈУЗНИЦИТЕ Вучиќ сака пред изборите товарот да го насочи кон своите најверни поддржувачи – Брнабиќ е „вратена во Уставот“, Дачиќ го чека вклопување во Сенародно движење

И кај вториот масакр, оној од околината на Младеновац, појде со тезата за која мислеше дека најмногу ќе му користи во мигот – оцени дека се работи за терористички акт, ама се покажа дека таткото на масовниот убиец е офицер кој работи во Генералштабот и тоа на темата контраразузнавање, значи со допирни точки со борбата со тероризмот! Потоа, таткото на масовниот убиец набрзина беше најпрвин прогласен за починат (наводно се самоубил), за да се направи рикверц па беше „оживеан“, ама пензиониран, а за некој ден потоа и уапсен под обвинение дека поседува оружје без дозвола, иако како офицер секако дека таа дозвола ја имал!

Вучиќ јасно ја виде сликата на градското јадро на Белград која низ молкот покажа дека неговата иднина има сега веќе огромен број незадоволници и почна да се ослободува од товарот на бродот што тоне. Најпрвин лесно ја жртвуваше премиерката Брнабиќ, која секако нема капацитет да се носи со ваква криза, ама тој „ја врати во Уставот“, оставајќи ја да ги прима сите удари кон себе. Кон Уставот се врати и тој самиот со фактот што конечно призна дека треба да биде претседател на сите граѓани, а не само на својата партија, па и неа ја жртвуваше со фактот дека реши да оди кон едно „сенародно“ движење во кое треба да се стопат поддржувачите од типот на социјалистите на Дачиќ (отидоа неговите стабилни десет отсто од изборниот колач), на пример; со оваа маневра Вучиќ треба да се создаде нова тврдина на моќта од каде треба да се брани од опозицијата од лево (прозападните партии), но и тврдите националисти од десно.

Овие последниве особено беа осоколени со неговите последни преговори со косовските лидери а јасно е дека последните денови и судирот на масата врз која тој има свое влијание во северно Косово и силите на КФОР (или НАТО!) може да му ја зајакне позицијата. Прогласената вонредна воена состојба на границата со Косово му оди од рака на Вучиќ, му дава резервна енергија на она што тој често го користи – патриотизмот, барем за едно кусо време. Го оддалечува од западните партнери што секако е пак добра стратегија на вториот актер на непотпишаниот Бриселски односно Охридски договор – Курти, кој ужива кога гледа како место неговите полицајци ќотек добиваат припадниците на КФОР. Па, изборите во Србија, гледани низ овој визир,  можат да почнат…

Епизода втора – скандалите во Грција како скали до власта

Иако се знаеше дека Нова демократија (НД), грчката владејачка централно-десничарска партија ќе биде прва по мајските избори во оваа земја, се очекуваше дека таа ќе биде некаде со предност од пет проценти пред второпласираната Сириза, партија за која ние во земјава сме секако емотивно врзани. Не е тајна и зошто би имало таков скор – досието од владеењето на Киријакос Мицотакис е преполно со скандали.

ОДНОВО И ОДНОВО Грчките избирачи се покажаа „зихераши“, сите со помислата дека следните 4 години нема да ги извлечат покусото чкорче

Тој спроведуваше сурова економска програма во изминатите четири години а посебно заради колективниот револт на нацијата поради катастрофалната железничка несреќа во која 57 луѓе загинаа во февруари. Сознанието дека лидерот на НД прислушкувал масовно и тоа токму оние кои се највлијателни во сите општества – олигархијата, заедно со највисоките офицери!

Но, пак важи старото правило на Балканот: меѓу слоновското и кокошкиното помнење – мнозинството е за копаните!

Прислушкувањето како утрински џогинг

Па да се сетиме како кај нас дури и сознанијата кој и колку е прислушкуван и  броењето до најмалку 25 илјади такви субјекти, откриено во 2015 година, како жртви на опсесијата на Груевски, Мијалков и компанијата, денес предизвикуваат амнезија и кај учесниците на т.н. Шарена револуција. Сè ти е простено жителу на Будимпешта – купи си билет за назад, покажуваат анкетите за тоа кој е најпопуларен политичар во земјава?! Ова наводно дури и предизвикало жестоки дебати во таборот на Мицковски, јавуваат некои медиуми, блиски до круговите на опозицијата!

Слични се резултатите и на последните грчки избори – падот на Сириза од една третина на освоените гласови на избирачите на нивна една петтина како сума сумарум е секако некаков силен пресврт во расположението на народот кај јужниот сосед! Проценките се дека припадниците на средната класа, поточно на државната бирократија, која во време на економската криза во земјата, на крајот на првата деценија на овој век, речиси хистерично го бараше својот спасител, гледајќи како масата штрајкувачи и протестанти ги лулаат столбовите на елинската демократија, направиле рикверц. Западот тогаш беше лут на атинскиот политички врв, бараше итно враќање на доспеаните кредити, немаше согласност за натамошно простување на оние кои се „должни како Грција“, како што умееја да кажат нашите стари, па бирачите кај јужниот сосед го најдоа излезот во човекот кој денес е навистина трагичар.

Ципрас на политичката сцена дојде на рамениците на оние кои во него видоа и израз на грчкото достоинство како кредитобаратели, а кого Западот пак го прифати како политичар кого тие строги доверители би го поднеле само ако се погрижи да прифати дел од нивните строги услови. Бидејќи овој лидер не е дел од семејствата со традиција во одаите на власта, Западот лесно би го жртвувал. Другото го знаеме – грчките гласачи му рекоа „благодариме“ и посакаа да се вратат на старите лулашки на локалната плутократија. За ова сведочи и скокот на ПАСОК во очите на гласачите, партија која буквално „се врати од мртвите“ како и солидната зацементираност на грчките комунисти (десет отсто од гласовите), како дел од најконзервативните делови на општеството, ама како „дозволена левица“ по сфаќање на просечниот гласач. Добри се да го лулаат чунот, но нема опасност да дојдат до власта.

Сите против Ципрас

Што е тука дел од кокошкината меморија? Па фактот дека по сериозната криза која дојде со аферата на прислушкувањето (август 2022 г.), кога прва на удар на тој процес беше токму ПАСОК (особено нивниот лидер Никос Андрулакис) не дојде до казна. На врвот на кризата по тој скандал (крајот на јануари годинава) Ципрас сакаше да предизвика парламентарна криза, бидејќи во мигот НД не можеше да добие елементарни 151 глас за било каков предлог а токму од страна на парламентарците на ПАСОК Ципрас доби забелешка дека е „несериозен“. ПАСОК покажа намера и да биде жртва ама да не дозволи враќање на Ципрас.

ЦИПРАС Политичар налик на ликовите на античките трагичари – ја избави земјата од најголемата криза во поново време, сега сите му го вртат грбот

Прашањето за сериозноста на состојбите веднаш дојде на ред во февруари годинава кога на улиците на Атина и другите градови имаше протести ама и вистински улични нереди против власта како најодговорна за „редот и поредокот“ во земјата. Тие протести траеја со недели и се чинеше дека немаат крај, а Мицотакис се каеше што веќе има закажани избори, проценувајќи дека неговата власт се топи!

Но, анализата укажува дека Ципрас изгуби токму кај оние кои во услови на „да се биде или не“ се одлучија сепак за своите редовни плати во ерата на бирократизацијата на општеството. Со гласањето се покажа дека комодитетот на средниот слој е поважен од ризикот на повторната промена! Средната класа не сака нови херои.

Епизода три – бирајте го виновникот за лошите состојби

Постоеја многу мотиви и просечниот турски гласач да се одлучи за промени на кормилото на неговата навистина голема држава и значаен геостратешки играч на меѓународната сцена. После една деценија владение, без некаков усул за демократските правила, со многу отстапки од изворниот кемализам, кој значеше внесување на класичен атеизам среде центарот на исламската култура, актуелниот претседател Ердоган веќе можеше да падне од тронот.

ИЗБОР Беа лути на власта, изгубија сè, останаа под ведро небо во текот на зимата, а се одлучија, сепак, да гласаат за оној што го сметаа за виновник за нивната состојба

Против него имаше еден обид за воен удар, последиците на земјотресот, како природна појава со навистина гигантски димензии (над 50 илјади жртви) паднаа како сенка врз слабата или недоволна грижа на државата во реакција за згрижување на преживеаните и повредените. Локалните избори веќе му покажаа на Ердоган дека трите градски центри – Истанбул, Анкара и Измир не се повеќе дел од јадрото на неговата моќ. И покрај повеќекратните изговори за повторување на локалните избори во Истанбул резултатот беше истоветен на првичниот. Царската престолнина му рече „не“ на претседателот.

Нема крај на лизгањето на лирата

Тоа не се обични модринки врз секако впечатливата суета на една од најмоќните политички фигури на планетата, ама да дозволиме дека падот на економијата едноставно е клучниот количник на сето она што значи раководење со една држава, со еден 80-милионски народ. Секој студент на економија секако веднаш би се согласил со тоа дека една модерна економија не може да почива на принципи од исламскиот период.

ПАД НА ЛИРАТА Аналитичарите велат дека Ердоган нема суштински да ја менува економската политика, иако таа доведе до најлоши резултати во евроазискиот појас

А тоа беше секако случај и преку инсистирањето на претседателот (кој според турскиот модел го дава и премиерот и членовите на Владата) на потребата банките да работат без интерес, како што наводно стои во некои шеријатски правила, со што целиот систем на финансиско работење на економијата и граѓаните е ставен на глава. Накусо – тоа се предуслови лирата да почне да се обезвреднува, ако се добива од банките „за џабе“, преведено на обичен јазик.

Впрочем, еден ден после последните избори во Турција еден американски долар на пазарите се продавал за 20,05 турски лири, додека негативен рекорд е забележан во петокот, ден пред изборите (!) кога доларот се продаваше за 20,06 лири, јавува Ројтерс. Практично сознанието дека Ердоган одново ќе ја води државата не и се допадна на стручната фела, па и на стопанствениците во поширока смисла.

Турската валута изгуби повеќе од шест отсто од својата вредност од почетокот на 2023 година, а нејзината вредност падна за повеќе од 90 отсто во последните десет години. „Победата на Ердоган не им нуди сигурност на странските инвеститори“, вели Хаснаин Малик, експерт во Телимер. Тој смета дека има мали шанси претседателот на Турција по изборите да се врати на стандардната економска политика.

Инфлацијата во Турција, според државната статистичка агенција Туркстат, во април изнесувала 43,68 отсто.

Ердоган во својот говор по изборната победа рече дека високата инфлација е горлив проблем во земјата и дека таа ќе падне, но економските аналитичари се’ уште се скептични. Волфанго Пиколи, копретседател на консултантската фирма Тенео, оценува дека новата турска влада нема да преземе целосно стандардни економски мерки, туку донекаде ќе го коригира сегашниот пристап.

Кому му одговара слабата лира? Постојат и такви центри на моќ и во земјата ама тоа се главно оние кои својот капитал го држат надвор од земјата и кои со сигурните долари и евра „си пазарот“ во својата земја па се им е – евтино. Да го земеме туризмот кој е извор на девизи и чија „жетва“ на пазарот вреди повеќе секој ден, кога купуваат храна на пазарите за туристите или купуваат услуги од други сектори. Не е секогаш лошо од таа бесконечна девалвација за секого, но за обичниот човек тоа значи сè поскап живот, па и голема безработица!

Рулет одлуки

Но, одново на еден типично балкански начин на изборите не одлучуваат клучни фактори за заокружување на нечие име, како што се даноците или куповната моќ. Неподелено е мислењето дека и обата кандидати на изборите во Турција се натпреварувале на темата  – кој ќе го реши проблемот со бегалците во земјата, кои ги има околу 4 милиони. Се чини гласачите или добар дел од нив ова „страно тело“ го сметаат за своја лична или колективна загроза, која кандидатите ја знаат и тврделе дека ќе го „решат“ овој проблем, најверојатно со враќање на бегалците од таму од каде што дошле. Ако ова бил важен момент при изјаснувањето на гласачите а се чини дека така било, тогаш повеќето од нив веруваат дека тоа може да го стори Ердоган а не неговиот противкандидат Киричдароглу.

ОДЛУКИ Хазард во изборот, како некаков руски рулет

Сличен е и односот на гласачите на прашањето за згрижувањето на оние кои останаа без покрив над главата после земјотресот. Тие се сега внатрешно раселени лица. Нивното незадоволство беше крупен белег на предизборието и се сметаше за веројатно одлучувачко во корист на опозицијата. Проценка беше дека се работи за маса од 4-5 милиони гласачи. Дури, имаше тврдења дека власта намерно прави опструкции раселените гласачи од подрачјето погодено со земјотресите, да не може лесно да се врати на старите адреси, каде може да гласа.

Но излегува дека токму тука, на волшебен начин, Ердоган ги добил потребните гласови! Како? Па со фактот дека неговото ветување дека раселените семејства ќе добијат нови домови наскоро е поизгледно отколку ветувањето на некој што допрва ќе треба да ги дограби дизгините на власта. Оние што останаа без покрив над главата и без имот, рефлексивно се одлучуваат за личноста која има поцврста рака во одлучувањето, макар и како метод на генерално владеење, во однос на некој што допрва би ја димензионирал својата моќ како претседател! Ова личи на некаков хазард во изборот, како некаков руски рулет можеби ама – функционира. Што би рекол експретседателот Иванов  – демократијата е како космодиск, изгледа шашаво, ама функционира!


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CIVIL Media
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ