• Latest
фото: United Nations UN WATER

Бан Ки-мун никогаш не рекол: „Немојте да се самоукинувате поради Грција“

April 13, 2021

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Бан Ки-мун никогаш не рекол: „Немојте да се самоукинувате поради Грција“

April 13, 2021 21:12
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
фото: United Nations UN WATER

фото: United Nations UN WATER

Share on FacebookShare on Twitter

Пост од 2019 година повторно станува вирален во интернет-просторот на македонски јазик со целосна лага дека поранешниот генерален секретар Бан Ки-мун апелирал до Македонците „да не се самоукинуваат поради Грција.“

Пост со фотографија на поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, на која е напишан наводен апел на секретарот до Македонците во однос на поранешните преговори со Грција за надминување на спорот за името, стана повторно многу вирален (погледнат, споделуван, лајкуван), во последните два-три дена, иако е поставен на „Фејсбук“ во јануари 2019 година.

Врз фотографијата на Бан Ки-мун е испишан наводниот апел до Македонците:

НЕМОЈТЕ ДА СЕ САМОУКИНУВАТЕ ПОРАДИ ГРЦИЈА

фото: КриТинк

Ваквиот наводен апел на поранешниот генерален секретар на ООН е ЛАГА. Пребарувајќи дали постои таква изјава, „Вистиномер“ дојде до следните факти:

Станува збор за веќе разобличена невистина која се појавила во медиумскиот простор непосредно пред референдумот за промена на името на Република Македонија на 30 септември 2018 година, односно на 9-ти и 10-ти септември таа година, кога Бан Ки Мун наводно допатувал во посета на земјата, во Охрид, по покана од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Медиумите што тогаш ја пренеле наводната изјава на Бан Ки-мун, се повикуваат на телевизија „Канал 5“, но изворно, изјавата ја нема, туку само прераскажување од страна на телевизијата што наводно рекол Бан Ки-мун, a ја објавиле само неколку непознати медиуми (без импресум), меѓу кои „Медиа 24“ и „Њуз 24“…, а ден подоцна и познатиот „Инфомакс“ со наслов: ЛАДЕН ТУШ ЗА ЗАЕВ ОД БАН КИ-МУН: Генералниот секретар на ОН порача дека македонците имаат право на самоопределување и самоименување, а тоа е загарантирано универзално право според Обединетите Нации

Длабинско пребарување на сајтот на „Канал 5,“ како и на интернет за наводната посета на Бан Ки-мун во Охрид во септември 2018 година, покажува дека таква посета и таква изјава нема. Постојат изјави што говорат дека тој се надева на скорешно завршување на спорот, исто така постојат изјави дека тој лично ќе се заложи кај грчките власти и во ООН за надминување на спорот, при што во истиот извиштај има и аудиоснимка од прес-конференцијата на Иванов и Бан Ки-мун. Но, сите овие се ОД 2012 ГОДИНА!

Лагата од 2018 година се открива практично преку порталот МКД.мк. Во архивата на овој портал може да се најде цитиран коментарот на „Канал 5“ за посетата на Бан Ки-мун, но овој пат во 2012 година за време на официјалната посета на РМ, при што покрај разговорите во Скопје со тогашниот премиер Никола Груевски, тој отпатувал и во Охрид, каде што се сретнал со тогашниот претседател Иванов (види тука).

Единствен сличен навод како прераскажување на наводната изјава на Бан Ки-мун на интернет може да се најде на Ohridlive.com при што во извештајот за средбта во 2012 година се вели дека генералниот секретар во изјава наводно рекол:

Мојата порака до вас е, никогаш не правете компромис кога се работи за принципи, универзално воспоставени принципи. Никогаш не треба да правите компромис. Јас никогаш не правам компромис кога станува збор за човекови права, основни човекови права и човечки дигнитет. Обединетите нации никогаш не прават компромис.

Како и да е, овие лаги на медиумите во 2018 година доведоа до пост (има и други постови) во јануари 2019 година, кој во последните 24 часа во моментов на рецензијата бил виден 1.300 пати, над 20 илјади пати во изминтите 3 месеци, а вкупно е споделен 180 пати. Тоа значи дека лагата во постот е сѐ уште прилично вирална и тоа беше причина што „Вистиномер“ се реши да ја разобличи уште еднаш, покрај тоа што е веќе сторено од медиумските проекти на „Метаморфозис“ пред две години. (vistinomer.mk)

 

КриТинк

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ