• Latest

Банките наскоро со информации на веб-страниците за олеснување на договорните услови за кредитите

March 27, 2020
Фото: Скриншот од видео на FRANCE24

Романија, Полска и Португалија денес гласаат на тесни и неизвесни избори, клучни за нивната иднина

May 18, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

ЦИВИЛ го одбележува 18 мај: Солидарност со кримските Татари против историските и тековните репресии

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBC News

ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Хамас предлага ослободување на повеќе заложници во новите разговори за прекин на огнот по израелската офанзива

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Во Ватикан се одржува инаугурациската миса на папата Лео XIV, Зеленски и Џ. Д. Венс меѓу присутните

May 18, 2025

Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Ден на сеќавање на жртвите од политичките репресии: Русија го наследи советскиот систем на репресија, криминал и убиства

May 18, 2025
Фотомонташа: Скриншот од видео на ЕВН/ екран од мобилен

Пола Македонија рано утрово без струја, телефоните за пријавување дефекти на ЕВН останаа „глуви“

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Двајца загинати и 19 повредени при судир на брод на мексиканската морнарица во Бруклинскиот мост

May 18, 2025
Фотографија: Скриншот платформа Х

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025

Речиси 60 Палестинци убиени во Газа во текот на ноќта

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Банките наскоро со информации на веб-страниците за олеснување на договорните услови за кредитите

March 27, 2020 08:33
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Деталите како ќе ја спроведат Уредбата за олеснување на договорните кредитни услови банките најавуваат дека ќе ги објават многу скоро. Информациите, како што нè информираат дел од нив, ќе ги споделат на своите веб-страници.

Велат дека интензивно работат на концептите за репрограмирање на кредитната изложеност на физичките лица и на фирмите кои ги исполнуваат критериумите од Уредбата, која беше донесена од страна на Владата.
„Комерцијална банка интензивно работи на концептите за репрограмирање на кредитната изложеност на физичките лица и на фирмите кои ги исполнуваат критериумите пропишани од страна на НБРСМ, односно на утврдување на прецизните мерки и начини на комуникација со клиентите со цел да се олесни финансискиот товар со кој се соочуваат или би можеле да се соочат како резултат на корона-кризата“, велат од банката.
Додаваат дека Уредбата на Владата за олеснување на сервисирањето на кредитите и други задолжувања на граѓаните и фирмите кон банките и штедилниците за време на кризата предизвикана од Ковид-19 сè уште не е објавена во Службен весник, односно сè уште не е стапена во сила и очекуваат тоа да се случи наскоро.
Најавуваат дека во најкус можен рок ќе ги објават сите детали за ова прашање на веб-страницата на банката.
Од Охридска банка, исто така, наведуваат дека следејќи ги мерките на Владата и укажувањата на Народната банка, во овој период работат посветено на создавање услови за олеснување на исплатата на кредитните обврски за своите клиенти.
„Врз основа на Одлуката на Народната банка на Р Северна Македонија за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик (Службен весник бр. 76/2020 од 24.3.2020 година), како и врз основа на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, донесена на 28-та седница на Владата на Р Северна Македонија одржана на 25.3.2020 година, Охридска банка во моментов работи во насока на подготовка на соодветна понуда до сите клиенти, со цел да им овозможи надминување на тешкотиите кои би ги имале со сервисирањето на кредитните обврски во време на корона-кризата. Овие олеснувања ќе важат како за физичките така и за правните лица“, информираат од банката.

Најавуваат дека деталите за олеснувањата и новите договорни услови ќе бидат објавени наскоро, штом завршат интерните приспособувања на системите на банката.

Понудите за физичките и правните лица ќе бидат објавени на веб-страницата на банката www.ohridskabanka.mk, а исто така ќе биде и прецизно објаснет начинот за постапување во однос на понудите.

Додаваат дека како финансиска институција со одговорност кон своите вработени, кон клиeнтите и кон економијата во целина, веќе имаат воведено низа мерки со кои се обидуваат да понудат низа олеснувања за своите клиенти.

 

Уредбата со која се утврдува како банките и штедилниците можат во текот на вонредната состојба, на граѓаните и фирмите да им понудат одложување на исплатата на ратите и други поволности со кои ќе им го олеснат сервисирањето на кредитите за време на корона-кризата, ја донесе Владата завчера.

Уредбата е подготвена од Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација, со цел во текот на вонредната состојба, поедноставно и побрзо да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите кои заради корона-кризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални тешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците.

Како што наведоа Народна банка и Министерството за финансии, Уредбата овозможува промената на договорните услови за кредитите да се изврши побрзо и поедноставно, без да се загрози јавното здравје – без да се посетуваат експозитурите и филијалите и без да се чека во ред на шалтерите заради потпишување на анексите на договорите.

Според Уредбата, банките и штедилниците можат да понудат поповолни договорни условии без претходно да имаат добиено барање од засегнатите клиенти, и тоа преку објава на своите веб-страници со понуда за промена на условите за плаќање на кредитите и/или одделно известување на клиентите, преку електронска и/или писмена комуникација.

Со Уредбата е утврдено дека ако физичкото лице, во рок од десет дена од објавувањето, односно добивањето на понудата, писмено или електронски не ја извести банката или штедилницата дека го одбива понуденото олеснување на финансискиот товар, ќе се смета дека понудата за промена на договорните услови е прифатена.

За да ги искористат понудените поповолни договорни услови, правните лица, пак, ќе треба писмено или електронски да ја известат банката или штедилницата дека ја прифаќаат понудата. Ако правното лице не го стори тоа во рок од десет дена, во согласност со Уредбата ќе се смета дека понудата не е прифатена.

Останува правото на кредитокорисниците да се обратат до банките и штедилниците, доколку оценат дека има потреба од тоа, при што предвидено е тие да можат се обратат електронски или писмено, а одговорот ќе го добиваат преку електронска комуникација.

Во согласност со донесените регулаторни измени, банките и штедилниците, на засегнатите граѓани и фирми ќе можат да им понудат одложување односно грејс-период за отплата на кредитите, пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период и пониска каматна стапка и сл.

Ова важи за потрошувачки, станбени, хипотекарни, автомобилски кредити итн., кредитни картички, дозволено пречекорување (одобрен минус) и кредити на фирмите.

Покрај олеснување на договорните услови за кредитите во банките и штедилниците, граѓанска иницијатива почна петиција за олеснување на условите и за кредити во нефинансиските друштва.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    95 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ