Државната изборна комисија во 12 часот ќе одржи јавна седница на која е предвидено да се разгледуваат овластувањата за набљудување на референдумот поднесени од ТВ Канал 24 – Русија, Амбасада на Република Албанија, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, Национален ромски центар Куманово, Амбасада на Соединетите Американски Држави, ОБСЕ ОДИХР (дополнување), Фондација за спасување на Земјата (дополнување), Здружение за граѓански политики и иницијативи ЕДУЛСЈ Скопје и ЦИВИЛ – Центар за слобода.Исто така, ДИК ќе ги разгледува предлог Упатство за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 избирачи, предлог Упатство за гласање, предлог Упатство за важечки и неважечки гласачки ливчиња на Референдум на државно ниво, предлог заклучок за останување во сила на упатства и предлог Одлука за утврдување на трошоци за спроведување на изборни активности во реално направени износи.
Б. Ј.