• Latest

Бачева-Андоновска: Македонија ризикува да остане без млади луѓе со потенцијал!

February 15, 2016
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Бачева-Андоновска: Македонија ризикува да остане без млади луѓе со потенцијал!

February 15, 2016 12:06
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Да се биде научник во Македонија, независно од половата припадност, е многу тешко, затоа што државата не предвидува буџет за научно-истражувачка работа“, вели Катерина Бачева – Андоновска, млада жена која во 2012 година ја доби наградата „Најдобар млад  научник“,која секоја година ја доделува претседателот Ѓорге Иванов. Таа е единствената жена која ја добила наградата последниве години.

IMG_5910
Катерина Бачева-Андоновска

Наградата Бачева – Андоновска ја доби за научно-истражувачка работа во областа на аналитичка хемија и хемија на животната средина, со посебен акцент на испитувањата на загадувањето на животната средина во Репубика Македонија со тешки метали. Таа е родена 1984 година во Кавадарци,  магистрирала хемиски науки на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Нејзината докторска дисертација е на тема: „Дистрибуција на тешки и токсични метали во примероци од животната средина во околината на рудникот Алшар”.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Бачева – Андоновска, која е вработена е како научен истражувач во Македонската академија на науките и уметностите-МАНУ, по повод 11 Февруари – Меѓународниот ден на жени во науката.

ЦИВИЛ Медиа: Како е да се биде жена научник во Република Македонија?

Бачева – Анодновска: Како и секоја друга професија, со таа разлика што да си научник во Република Македонија (без разлика на полот) потребна е навистина голема желба и љубов за оваа професија. Затоа што Македонија е една од малкуте држави кои немаат никаков буџет за научно-истражувачка работа. А научно-истражувачката работа е невозможна без доволно средства за експериментална работа.

ЦИВИЛ Медиа: Дали поради патријахалноста на македонското општество, сте се соочиле со пречки во работата, само затоа што сте жена?

Бачева – Андоновска: И покрај тоа што може да се каже дека македонското општество е патријахално (можеби не толку, колку порано), слободно можам да кажам дека никогаш не сум се соочила со пречкки од ваков тип. Уште повеќе, во последно време, сé почесто сретнувам жени кои се занимаваат со наука.

ЦИВИЛ Медиа: Секојдневно се зголемува бројот на млади луѓе кои заминуваат од државата. Кои се причините поради кои решивте да останете во Македонија и дали размислувате да ја продолжите својата кариера во странство?

Бачева – Андоновска: Застрашувачки е фактот што секојдневно се зголемува бројот на млади луѓе кои си заминуваат од државата. Премногу јасно е дека овој тренд доведе до значително намалување на младите и образовани луѓе во кои државата инвестирала и коишто треба да го водат напредокот. Со негово игнорирање, Македонија ризикува да остане без млади луѓе со потенцијал, кои секако и се и повеќе од потребни. Не можам да кажам дека има некоја посебна причина што сé уште сум во Македонија, можеби не се откажувам така лесно. Иако никогаш не ја исклучив опцијата да ја продолжам кариерата во странство, секогаш на прво место ми било семејството кое што ми дава доволно причини да останам тука.

Марија Теговска

Tags: кариераНајдобар млад научникнаучно-истражувачка работа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ