• Latest

Бектеши: Државните институции заштедиле вкупно 20% електрична енергија во септември, со рационално трошење на струја се прават големи заштеди

October 19, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Државните институции заштедиле вкупно 20% електрична енергија во септември, со рационално трошење на струја се прават големи заштеди

October 19, 2022 14:35
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес- конференција во Владата ја презентираше анализата за заштеда на електрична енергија во септември споредено со истиот месец минатата година од страна на сите органи на државната управа, државни институции и јавни претпријатија. Според анализата остварена е вкупна заштеда од 20% на потрошувачката на електрична енергија, информираат од Владата.

„Министерството за економија до Владата на Република Северна Македонија достави сет на препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија во Република Северна Македонија, за безбедна зима, изјави Бектеши.

Тој истакна дека овие мерки почнаа да се применуваат од 1 септември и сите органи на државната управа, државни институции и јавни претпријатија беа задолжени да остварат заштеди во потрошувачката на електрична енергија за 15% на месечно ниво започнувајќи од 1 септември 2022 година заклучно со 31 март 2023 година, споредено со истиот месец од претходната календарска година.


Според Бектеши, согласно податоците на Министерството за економија обезбедени од Електродистрибуција АД Скопје за потрошувачката на електрична енергија од министерствата со сите подрачни единици, Владата, Судовите и Собранието, Кабинетот на претседателот, како и ЕЛЕМ и МЕПСО направена е вкупна заштеда на електрична енергија од 20%.

Доколку се анализираат податоците земени од потрошувачката само на административните згради на Министерствата, Претседател на РСМ, Собрание на РСМ, Влада на РСМ, АД ЕСМ, АД МЕПСО заштедата на струја изнесува 25%, при што 6 субјекти имаат намалена потрошувачка на енергија во септември, но немаат остварено заштеди од 15% согласно задолженијата, додека останатите субјекти имаат остварено заштеди од 15%-73%, повеќето од 25% до 35%. Единствено административната зграда на Министерството за локална самоуправа, има зголемена потрошувачка на енергија за 81% во септември 2022, споредено со истиот месец 2021 година, нагласи Бектеши.

Според неговите зборови, Министерот за економија информираше дека согласно податоците, заштедата на електрична енергија во зградата на Владата е 25%, кај Министерство за внатрешни работи 21%, Министерство за култура 40 %, Министерството за образование 35%, Министерство за политички систем 22%, Министерство за транспорт и врски 30%, Министерство за труд и социјална политика 36%, Министерство за финансии 32%, Министерство за економија 30%.


Од друга страна најмала заштеда е направено во административната зграда на Министерството за здравство од 2%, по што следат Министерството за надворешни работи од 8% заштеда и Министерството за одбрана од 8% заштеда.

Собранието заштедило 29% од потрошувачката на електрична енергија, додека кај Кабинетот на претседателот заштедата е 17%.

Исто така во, анализата на потрошувачката на електрична енергија покажува дека заштедата кај претпријатијата во државна сопственост изнесува 8%, а опфатени се вкупно 17 државни компании.

Од нив 9 субјекти оствариле заштеди од минимум 15% во месец септември 2022 година споредено со истиот месец во 2021 година, пет субјекти оствариле заштеди помалку од 15%, два субјекти имаат поголема потрошувачка на електрична енергија.


Анализата исто така покажува дека вкупно 111 институции немаат потпишано договор за снабдување со електрична енергија и се снабдуваат на краен снабдувач со многу повисока цена односно цената на HUPX + 20%. Најголем број на субјекти кои се снабдувани од снабдувачот во краен случај се основните и средните училишта, по што следат министерствата и здравствените установи.

Согласно анализата општините кои имаа препорака за заштеда на електрична енергија вкупно за 29% ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември, споредено со истиот месец претходната година, вели Бектеши. При тоа од 81 општина, 25 не постигнале заштеда од 15%, а останатите 56 општини успеале да направат заштеда на електрична енергија поголема од 15%/ Најмногу отстапуваат Арачиново, Гостивар и Свети Николе. Останатите што не ја постигнале заштедата од 15% се во ранг од -14%до +13%.


Овие податоци за заштеда на електрична енергија покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно електрична енергија може да се направат големи заштеди. Доколку сите дадат максимален придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата, секој со свој личен влог може да помогне полесно и со најмали можни последици да се справиме со оваа енергетска криза.

Сакам да апелирам до сите дека состојбата во енергетскиот сектор, не само во Северна Македонија туку и во цела Европа не е шега, и секој степен помалку е заштеда од околу 5% на енергенсите. Грејната сезона започна и треба сите ние во наредниот период малку да се фокусираме на штедење и начините како да го направиме тоа. Една мала промена на секојдневните навики може да направи голема разлика, нагласува Бектеши.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ