• Latest

Бектеши испрати писмо до Шаља, очекува деновиве повлекување на забраната за извоз

August 23, 2019
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши испрати писмо до Шаља, очекува деновиве повлекување на забраната за извоз

August 23, 2019 11:27
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија, Крешник Бектеши во писмо до неговиот косовски колега, Ендрит Шаља наведе дека очекува во текот на овие работни денови Косово да ја повлече Одлуката за забрана за извоз на компир и мед од државава, воведена пред една недела како одговор на нашата забрана за увоз на икра и рибен подмладок од оваа соседна држава, а поради недостаток на мониторинг на нивната состојба.

Во писмото, што го објави на неговиот Фејсбук профил, Бектеши укажува дека Северна Македонија, може да дозволи увоз на рибен подмладок и икра, доколку косовските власти ги дадат сите потребни гаранции и доколку работните групи потврдат дека се воведени програми за активен и пасивен надзор на водните култури и дека се спроведени како што треба.

„По забраната што Република Северна Македонија ја наметна на сите земји, вклучително и Република Косово, кои немаат мониторинг заради извоз на животни од аквакултура, како мерка предвидена од меѓународно воспоставените принципи за спречување ширење на болести на аквакултура, Агенцијата за ветеринарство и храна на Република Косово треба да обезбеди докази за нивно воспоставување. Воедно да спроведе соодветна програна за активен и пасивен надзор врз аквакултурата, како и дека тие вршат лабораториска анализа за бараните заболувања кај животните од аквакултура“, наведува Бектеши во писмото,  осврнувајќи се на состојбите и договорот по состанокот од пред три дена во Приштина.

Во случај ако надлежните органи на Република Косово ги обезбедат сите потребни гаранции, а наодите на работната група потврдуваат дека се воспоставени програми за активен и пасивен надзор на аквакултурата и соодветно се спроевдуваат, стои во писмото, АХВ на Северна Македонија може да дозволи извоз од односното претпријатие за аквакултура, кое има право да извезува животни од аквакултура во Република Северна Македонија.

„Врз основа на овој договор, очекуваме во текот на овие работни денови  да ја повлечете Одлуката за забрана за извоз на компир и мед. Останувам на расчолагање за какви било дополнителни информации што може да бидат корисни во насока на олеснување на трговските односи помеѓу двете држави“, наведува Бектеши.

На средбата во Приштина во вторникот Бектеши најави дека повторно ќе се овозможи увоз на икра и материјал за порибување од Косово тогаш кога ќе се достави целосната документација од Косово.

Според Бектеши, Косово ги прифатило аргументите на државава и кога ќе се утврди дека косовските институции работат согласно со програмата за мониторинг, забраните ќе бидат повлечени.

Како што објасни директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, потребно е да се верификува дали Косово соодветно испитува можност за појава на болести кај рибните производи.

„Откако ќе добиеме такво уверение дека ги запазуваат сите процедури тогаш ќе биде отстранета бариерата за увоз во Северна Македонија. Тоа е меѓународно воспоставен принцип со кој што се гарантира дека земјата ги нема болестите и тоа е начинот како ние да се заштитиме да не внесеме болести на нашата територија“,  рече Атанасов.

Официјалните податоци покажуваат дека извозот на мед во Косово во 2018 година е во вредност од 464.199 долари, додека во првите пет месеци од годинава е во вредност од 212.227 долари. Од земјава во Косово годишно се извезуваат од 40 до 1.000 тони компири.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ