• Latest

Бектеши-Лиубченко: Поголема либерализација во трговијата значаен поттик за економската соработка

June 15, 2021

Амнести интернешнл: Српските власти мора да дејствуваат воздржано и да им обезбедат на граѓаните безбедно учествуво во протестите и слободно да го изразат своето незадоволство без страв од заплашување

July 5, 2025

Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не нуди решение, туку го засилува проблемот

July 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на официјалниот канал на White House

Трамп се закани со царини од 17% за извоз на храна и земјоделски производи од Европа

July 5, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши-Лиубченко: Поголема либерализација во трговијата значаен поттик за економската соработка

June 15, 2021 18:18
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Натамошната либерализација на трговијата меѓу Северна Македонија и Украина ќе биде значаен поттик за компаниите од двете земји да извезуваат голем број домашни производи, без царина или со намалена царина, истакнаа на денешната работна средба во Киев министерот за економија Крешник Бектеши и првиот вицепремиер и министер за економија на Украина, Олексиј Лиубченко.

Главна тема на средбата беше претстојната трета седница на Меѓувладината македонско – украинска комисија за следење на Договорот меѓу македонската и украинската Влада за трговска и економска соработка што ќе се одржи утре, 16 јуни во Киев.

Министерот Бектеши ќе биде ко-претседавач на оваа седница заедно со заменик министерот за економија, трговија и земјоделство Тарас Качка кој е назначен од украинска страна.

Како што рече Бектеши на средбата, билатералните односи меѓу двете земји базираат на меѓусебна поддршка и почитување, а традиционалното пријателство е предуслов за стабилна основа за соработка која, според него, ќе продолжи со позитивен тренд и во периодот што претстои во сите области од заеднички интерес, посебно на економски план.

Министерот потенцираше дека како резултат на плодната соработка во последните две години, односно пред пандемијата, двете држави успеале за граѓаните да овозможат безвизен режим за краткорочен престој од 90 дена, директен авио лет Киев – Скопје и обратно, како и збратимување на седум општини од Северна Македонија и Украина.

-Се интензивира севкупната соработка, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и развој на туризмот, истакна Бектеши.

Тој дополни и дека двете земји имаат исти приоритети, а тоа се евро-атлантските структури, при што од секаков вид на заемна поддршка на патот кон придружување во евроатланските организации е добредојдена, а тоа се потврдува и со Планот за политички консултации што двете министерства за надворешни работи го потпишаа пред пандемиjата.

Министерот посочи дека оваа година, двете земји во рамки на билатералните односи, успеаја да договорат нова либерализација согласно Договорот за слободна трговија и изрази надеж дека во најскоро време ќе се потпише таа либерализација, бидејќи е значаен поттик за компаниите да можат да извезуваат голем број на производи кои се домашно производство, без царина или со намалена царина.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ