• Latest

Бектеши: Трговците во туристичките места ќе може да работат и во недела, работниците ќе добијат 100 посто поголема дневница

May 22, 2022
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Трговците во туристичките места ќе може да работат и во недела, работниците ќе добијат 100 посто поголема дневница

Се очекува најкасно за две недели да почне примената на новото, изменето законско решение.

May 22, 2022 11:30
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се поднесени во Собрание, а се однесуваат на одредбите во однос на недела неработен ден, со што ќе се дозволи да се работи и во недела во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, и во трговија на мало и на големо. Се очекува најкасно за две недели да почне примената на новото, изменето законско решение.

Ова го изјави министерот за економија Крешник Бектеши, пред денешната средба со трговци од охридско-струшкиот регион, по што ќе направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија

Целта е, посочи минситерот Бектеши, сите стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност, имајќи ги предвид, рече, податоците за првите месеци, посебно во првиот квартал во делот на зголемување на туристите и тоа што е најавено во текот на летото кога има резервации, како и согласно сите податоци што ги има Агенцијата за туризам за странски туристи кои ќе ја посетат Северна Македонија, посебно регионот на Охрид и на Струга.

– Министерството за економија и Владата ќе продолжи со мерки за поттикнување и на домашниот и на странскиот туризам. За мерките со ребалансот сме предвиделе 15 милиони денари и ќе продолжиме со мерката за доделување ваучери за вработените со ниски приходи и на тој начин да го зголемиме бројот на домашни туристи. Секако дека ќе продолжиме и со другите мерки што ги спроведува Агенцијата за туризам и со чартер летови и да поттикнеме што повеќе странски туристи да го посетат овој регион,  изјави министерот за економија.

Кога зборуваме за туристичките места, информира тој, тоа ќе важи за целата година и ќе се одреди согласно одредбите кои веќе ги има во Законот и согласно Законот за туристичка дејност.

– Дуќанџиите нема што да се плашат, ние тоа сме го ветиле и Законот за работни односи и Законот за трговија во делот на недела неработен ден и кога беше усвоен беше најавено дека во туристичките места ќе може да се работи и во недела во зависност од сезоната. Ние сега даваме простор да биде преку цела година во зависнот од тоа како ќе бидат и барањата, но ќе имаме поголем простор за да можеме да одлучуваме, рече Бектеши.

Додаде дека кога беше донесено ова законско решение, во инклузивен процес и тогаш е најавено дека во туристичките места ќе се дозволи работа и во недела имајќи предвид дека токму викенди има повеќе туристи во овие дестнации.

– Како што е наведено за шопинг моловите, посебно во Скопје и во други градови, сите тие работници кои ќе работат во недела, согласно ова законско решение, ќе добијат дневници зголемени 100 проценти. Тоа ќе важи за сите тие што ќе одлучат да ги отворат нивните продавници во недела и во Охрид и во Струга и во другите туристички места. Сите работници кои ќе сакаат да работат и во недела, ќе добијат дневници поголеми за 100 посто, а тие што се одредуваат согласно Законот за работни односи ќе добиваат 20 проценти, изјави министерот Бектеши.

МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    166 shares
    Share 66 Tweet 42
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ