Канцеларијата за буџет на Белата куќа побара од федералните агенции да подготват планови за масовни отпуштања во случај на затворање на владата, со упатства за насочување кон програми за кои не се законски обврзани да продолжат.
Директивата, наведена во меморандум од Канцеларијата за управување и буџет до агенциите до која дојде Си-ен-ен, претставува остар пресврт од справувањето на владата со претходните сценарија за затворање – и ескалација од страна на администрацијата на Трамп во услови на застој со конгресните демократи околу федералното финансирање.
Во меморандумот, OMB им наложува на агенциите да идентификуваат програми чии средства ќе престанат да важат ако Конгресот не го исполни рокот за финансирање на 30 септември и кои немаат алтернативен извор на финансирање. Потоа, тие програми треба да бидат насочени кон сеопфатни намалувања на сила што би можеле трајно да ги елиминираат работните места за кои се смета дека „не се во согласност“ со приоритетите на претседателот Доналд Трамп.
„Се надеваме дека демократите во Конгресот нема да предизвикаат затворање и дека чекорите наведени погоре нема да бидат потребни“, напиша OMB во меморандумот.
Портпарол на OMB одби да коментира. Politico прв ги објави деталите од меморандумот.
Лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, го нарече меморандумот „обид за заплашување“.
Д. Мишев