• Latest

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025 18:12
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот Кривичен суд Скопје информира дека во целост е одобрен дополнителниот обвинителен акт поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија над 60 лица, а над 200 беа повредени. Обвинението се однесува на Александар Нацев – реален сопственик и одговорно лице на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“ ДООЕЛ Скопје. Тој се товари за тешки дела против општата сигурност, поради сериозни пропусти во организацијата и спроведувањето на мерките за заштита во објектот.

Како што соопштуваат од Кривичен суд, случајот е распределен кај судијката Биљана Смаќовска за понатамошно постапување.

Според обвинението Нацев се товари за особен придонес во трагедијата, бидејќи заедно со други веќе обвинети и непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за заштита, со што предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и за имотот од големи размери.

Во критичниот период од септември 2022 до денот на пожарот, Нацев фактички раководел со агенцијата, заеднички со управителот, без да ги почитува законските обврски од Законот за приватно обезбедување. Агенцијата не презела мерки за спречување и откривање на штетни појави, не склучила писмен договор со „Клуб Пулс“, и не водела грижа, контрола и надзор врз работата на обезбедувачите.

На критичниот ден, тројца лиценцирани и еден нелиценциран вработен биле задолжени за обезбедување на објектот, без претходна безбедносна проценка, без проверка на сигурносните услови, излези и можности за евакуација. Објектот бил преполн, а не бил изготвен ниту доставен План за обезбедување за настан со поголем број посетители.

Дополнително, вработените не извршиле проверка на идентитет и возраст на посетителите, дозволувајќи влез на малолетници по полноќ. Не бил извршен ниту преглед на лица при влез, со што не бил спречен внесот на пиротехнички средства – директна причина за пожарот.

Истрагата покажала дека Нацев давал директни инструкции на обезбедувачите ангажирани критичната вечер. По трагедијата, тој основал нова агенција за обезбедување во Струмица, што обвинителството го смета за обид да ја продолжи дејноста, формално затскривајќи се зад друго одговорно лице.

Претходно, Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт за обвинетите во врска со пожарот во „Пулс“, а судењето е закажано за 19 ноември.

Јавното обвинителство на 13 јуни соопшти дека е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица во врска со пожарот во кочанската дискотека. Помеѓу обвинетите кои се товарат за тешки дела против општата сигурност се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

Tags: КочаниПулс
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ