• Latest

Бермудски медиумско-политички триаголник

June 21, 2020

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Бермудски медиумско-политички триаголник

Независно како ќе се одвива препирката меѓу политичките партии, АВМУ и ДИК, законот е јасен. Доколку не се најде соодветно решение, Беса, но и медиумите ќе се најдат во незавидна ситуација. Беса, ќе мора да калкулира како најдобро ќе биде претставена како партија во рамките на Коалицијата Можеме, но и индивидуално. Медиумите, пак, ќе се најдат во недоумица кого да послушаат, со оглед на тоа дека, според Изборниот законик, не смеат да одбијат ниту една партија и коалиција, доколку сакаат да се рекламираат преку нив.

June 21, 2020 22:23
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Она што се постави како легитимно прашање „Кој ќе го реши платеното политичко рекламирање на изборната кампања?“, кое ги стави во недоумница медиумите дали да се водат по насоките на Државната изборна комисија или на Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги (АВМУ), доби своја викенд преписка меѓу три страни.

Преписката е затегната и се очекува така да остане и во наредните денови и недели, освен ако некој не дојде до решение од кое сите ќе бидат задоволни. Поучени од досегашното искуство, тоа е практично невозможно. Медумите сега за сега се неми набљудувачи, во очекување на исходот на овој очекуван конфликт на ставови и решенија. За сега, во Бермудскиот медиумско-политички триаголник се наоѓаат политичките партии, ДИК и АВМУ.

Сѐ започна со кривичната пријава на Беса против АВМУ, со обвинение дека времето предвидено за партиите на власт го поделила 50-50 меѓу коалицијата Можеме, предводена од СДСМ, и ДУИ. Просторот за опозициските партии е поделен, пак, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција “За подобра Македонија”.

Според ова решение, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција ќе можат да го користат целиот простор предвиден за опозициските партии, односно онолку колку што ќе имаат СДСМ и ДУИ заедно. Со ова решение, Движењето Беса е оштетено, иако на претходните избори за пратеници е втора по големина опозициска партија.

„На остатоците од режимот ВМРО-ДУИ нема да им се дозволи да направат нови преседани со толкување на законите по нивата лична желба или нивните партиските наредби“, изјави генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа по поднесувањето на кривичната пријава против АВМУ.

Одговорот пристигна и од ДИК, која побара од Беса да достави план за медиумско претставување, а АВМУ остана на ставот дека шесте минути, предвидени за опозициските партии, можат да ги користат ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција.

Беса денеска постави јавни прашања и до АВМУ и до Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата: Која е втората опозициска партија во земјата? Ако се оди по „мерните параметри“ на АВМУ, тогаш може да се заклучи и дека ВМРО-ДПМНЕ не е опозициска партија, бидејќи имаат свои министри и заменици во техничката влада. Со други зборови, Беса прашува кои се, всушност, опозициски партии според АВМУ?

Беса предупредува дека АВМУ, предводена од кадри на ВМРО-ДПМНЕ, го крши Изборниот законик, поради што им е поднесена кривична пријава, а со ситуацијата го запозна и меѓународниот фактор. Беса испратила и службено барање до ВМРО-ДПМНЕ за средба на која би го решиле проблемот со минутажата, во согласност со писмото добиено од ДИК. Во случај ВМРО-ДПМНЕ да не одговори на нивното барање, Беса од ДИК ќе бара да се ограничи буџетот предвиден за ВМРО-ДПМНЕ за платено политичко рекламирање

Беса веднаш доби поддршка и од својот коалиционен партнер СДСМ. На денешната прес конференција, пртпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека директорот на Агенцијата назначен од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Трајчевски, целосно се ставил во партиска служба на ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, Трајчевски „не го почитува законот и известувањето на ДИК за распределба на медиумски простор за двете најголеми опозициски партии“.

„Иако во описот се вели дека 6 минути им припаѓаат на двете најголеми опозициски партии, кои на последните избори за пратеници имаат освоено повеќе гласови, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги им наредува на медиумите да ги распределат сите 6 минути единствено на ВМРО ДПМНЕ.  Во ваков случај на Движењето Беса кое во коалиција со СДСМ му се нанесува штета“ – изјави Кузеска.

СДСМ тврди дека Агенцијата е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, па затоа „го игнорираше обраќањето на ДИК до Движењето БЕСА да изготви план за медиумско претставување и тоа не ја спречи агенцијата да издаде наредби спротивно на Изборниот Законик“.

Така, пред самиот почеток на изборната кампања, според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ веќе прави обиди да го загрози изборниот процес, со што ѝ се нанесува штета и на државата и на нејзините евроинтеграциски процеси.

АВМУ не остана должна, па веднаш одговори со отфрлање на сите обвиненија на нејзина сметка

„Движењето Беса, според листите на кандидати, потврдени од Државната изборна комисија, е дел од Коалицијата Можеме и според тоа може да добие минути за платено политичко рекламирање исклучиво во рамките на минутите доделени за оваа коалиција“, велат од АВМУ, додавајќи дека распределбата на времето за платено политичко рекламирање е направена на потполно идентичен начин како и за претседателските избори 2019 година, имајќи предвид дека важи истата одредба од Изборниот законик.

АВМУ во своја одбрана тврди дека за време на претседателската кампања во 2019 година, кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата, доби 4 минути, односно двојно повеќе време од кандидатите поддржани од опозицијата Гордана Силјановска и Блерим Река кои имаа по две минути.

 

Понатаму, АВМУ преоѓа во контранапад, па наведува дека во повеќе наврати искажала несогласување и јавно и преку реакција до надлежните институции во врска со спорната законска одредба која не обезбедува еднакви услови за сите учесници во изборниот процес и дека не е применлива за различните изборни циклуси. Од своја страна, велат од АВМУ, се обиделе соодветно да ја имплементираат законската одредба, во корелација со другите одредби од Изборниот законик.

Според Изборниот законик, член 76-д, став 4, најмногу 45% од финансиските средства за платено политичко рекламирање обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија можат да искористат двете најголеми политички партии кои ја освоиле власта на последните избори за пратеници, освоиле најмногу гласови и исто толку двете најголеми опозициски партии што освоиле најмногу гласови. Најмногу 10% од средствата можат да искористат политички партии што освоиле доволно пратеници да формираат пратенички групи и оние кои не биле застапени во Собранието.

Независно како ќе се одвива препирката меѓу политичките партии, АВМУ и ДИК, законот е јасен. Доколку не се најде соодветно решение, Беса, но и медиумите ќе се најдат во незавидна ситуација. Беса, ќе мора да калкулира како најдобро ќе биде претставена како партија во рамките на Коалицијата Можеме, но и индивидуално. Медиумите, пак, ќе се најдат во недоумица кого да послушаат, со оглед на тоа дека, според Изборниот законик, не смеат да одбијат ниту една партија и коалиција, доколку сакаат да се рекламираат преку нив. Или, кога станува збор за Беса, медиумите ќе мора да пресметуваат што би било поисплатливо за нив и да бираат меѓу насоките на АВМУ и ДИК.

Уште еднаш, по ова прашање, Изборниот законик е јасен.

Биљана Јордановска

Share42Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ