Движењето Беса поднесе кривична пријава против Агенцијатa за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и претседателот на Советот на АВМУ Лазо Петрушевски поради пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службената должност.
„Како што најавивме пред неколку месеци, денеска во името на Движење БЕСА поднесовме кривична пријава против АВМУ, заради пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службената должност, сакајќи да му наштети на Движењето БЕСА, кое е четврта партија по големина, односно втора поголема опозициска партија од резултатите на парламентарните избори од 2016 година… На остатоците од режимот ВМРО-ДУИ нема да им се дозволи да направат нови преседани со толкување на законите по нивата лична желба или нивните партиските наредби“, истакна генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа на Фејсбук.