Врховниот суд од денеска има нов претседател изгласан со 12 гласа „за“ и еден „против“. Судскиот совет се одлучи за Беса Адеми. Како што пренесува Алсат-М, освен Адеми за позицијата шеф на највисокиот суд беа и судиите Џемаили Саити и Лидија Неделкова.
Беса Адеми во 2017 година веќе конкурирала за оваа позиција, но тогаш е одбран Јово Вангеловски. Во март 2020 Беса Адеми го водеше Советот на Врховниот Суд што го потврди разрешувањето на Вангеловски.