• Latest

Бесими: Ќе воведеме систем на паметни финансии – стратешки, одржлив, одговорен, реформски и транспарентен

September 7, 2020

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Ќе воведеме систем на паметни финансии – стратешки, одржлив, одговорен, реформски и транспарентен

September 7, 2020 09:56
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Потребен е систем на „паметни“ – смарт финансии. Тој систем ќе ги имплементира реформите кои треба да се направат во јавните финансии во смисла на подолгорочно и поквалитетно планирање на буџетските програми и буџетите, ќе биде континуиран, односно одржлив и во континуитет ќе дејствува кон подобрување на транспарентноста, вели во интервју за МИА министерот за финансии Фатмир Бесими.

– Велат дека финансиите се крвотокот на економијата, што е апсолутно точно, и би додал и на општеството, бидејќи сите процеси се поврзани со финансиите. Новите иновативни пристапи се најдобриот начин за придонесување на подобрување на економијата. Во овој мандат лично ќе се заложам за воспоставување на концептот „СМАРТ“ финансии. СМАРТ или во буквален превод „паметни“ финансии ќе биде систем на јавни финансии кој ќе се базира на јасна стратегија и ќе биде одржлив, одговорен, реформски ориентира и транспарентен (S-strategical, M-mantainable, A-accountable, R-reform-oriented, T-transparent). Овој систем на смарт финансии ќе ги имплементира реформите кои треба да се направат во јавните финансии во смисла на подолгорочно и поквалитетно планирање на буџетските програми и буџетите, ќе биде континуиран, односно одржлив и во континуитет ќе дејствува кон подобрување на транспарентноста. Од аспект на економска филозофија или политичка економија, ова ќе значи стремење кон поправичен модел на јавни финансии гледано од аспект на приходи, расходи и начин на финансирање, односно популарно кажано како се полни и како и каде се трошат парите на граѓаните – вели Бесими.
Тој посочува дека традиционалното буџетирање, треба да се преориентира кон буџетирање кое е ориентирано кон резултати, односно да се види перформансот на институциите и согласно тоа да се утврдува колку средства ќе им се доделуваат на буџетските институции за проекти.
– На тој начин ќе се надминат нереалните планирања кои ги имаме со години, па и децении наназад, каде капиталните расходи се нерелно планирани, кои потоа реално потфрлаат во реализација. Понатаму, планирањето од една за друга фискална година треба да се ориентира повеќе кон подолгорочно планирање. Најголем дел од стратешките и капиталните проекти не се реализираат во тек на една фискална година, туку во тек на повеќе и умешноста да се утврди вистинската динамика на проектот на среден рок, може да биде од суштинско значење и за самата реализацијата на тој проект, вели Бесими.
Министерот за финансии истакнува дека еден од главните столбови на ситемот јавни финансии мора да бидат транспарентноса и отчетноста.
-Транспарентност изминатите години е „клучен збор“ во политиката, но неговата реална вредност за јавните финансии е дека тоа е највисок степен на фискална контрола. И ја давате информацијата на јавноста на едноставен и општо разбирлив начин – јавноста суди и одлучува дали тоа е вистинска или оправдана или легална одлука. Граѓаните се тие кои ги вработуваат пратениците, министрите и останатите функционери, граѓаните се тие кои носат вредносен суд за нивната работа, како и насоката во која ќе треба да дејствуваат институциите.- посочува министерот.
Тој истакнува дека при дизајнирање на политики и мерки ќе се води од принципот на отчетност и мерење на резултатите во остварување на целите преку т.н. SMART Key Performance Indicators (S-specific goal, M-measurable, A-attainable, R-relevant, T-time-frame), т.е. целите да бидат добро специфицирани, да бидат мерливи, остварливи, релевантни и да имаат временска рамка за имплементација.
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ