• Latest

Бесими: Зелената и дигитална трансформација во фокусот за иден развој, нови инструменти и фондови во Планот за забрзување на растот

October 4, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Бесими: Зелената и дигитална трансформација во фокусот за иден развој, нови инструменти и фондови во Планот за забрзување на растот

October 4, 2021 19:54
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Растот на економијата во иднина и закрепнувањето по ковид-кризата ќе се заснова на дигитална економија, зелена економија и инклузивен просперитет. Поддршката на зелената и дигитална трансформација, е и една од заложбите на Владата и Министерството за финансии, која е вградена во Планот за финансирање на заздравувањето и забрзување на економскиот раст кој веќе е во завршна фаза на подготовка во МФ.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на Конференцијата на тема „Забрзување на зеленото финансирање во Северна Македонија: Вoведување фонд за зелено финансирање“ што се одржа во Скопје.

-Планот за финансирање на заздравувањето и забрзување на економскиот раст е еден од стратешките документи на Министерството за финансии. Насочен е кон остварување на заложбата за двојно зголемување на економскиот раст и фискална консолидација. Зелената и дигитална трансформација на која ќе се заснова идниот развој ќе бараат огромни инвестиции, a токму eдна од целите на Планот е преку креирање и користење нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање да се создаде мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од над 4 милијарди евра за периодот 2021-2026 година, финансирани од буџетот, ИПА фондовите и меѓународните финансиски институции, да се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор, истакна министерот.

Покрај зголемување на инвестициите со Планот се очекува и зголемување на стапките на економски раст на среден рок на пет проценти годишно и обезбедување фискална консолидација преку намалување на јавниот долг под 60 проценти од БДП на среден рок.

Како што појасни, Планот ги презентира постојните и новите механизми за пристап до капитал за финансирање на заздравувањето и забрзувањето на економскиот раст, преку инвестициски проекти во јавниот и приватниот сектор, и ги квантифицира ефектите врз бруто-инвестициите и економскиот раст.

На Конференцијата обраќајќи се на панелот на тема „Зелено финансирање во Северна Македонија“, министерот Бесими се осврна на делот од Планот што е насочен кон зелената економија, односно за новите инструменти и фондови што се предвидени.

Зелените обврзници се нов финансиски инструмент за поттикнување и поддршка на проекти што ја поддржуваат „Зелената агенда“ и зелената транзиција, а насочени кон проекти за унапредување на животната средина, поточно подобрување на енергетската ефикасност; намалување на загадувањето, систем за интегрирано управувањето со отпадот; поддршка на одржливо земјоделство, риболов и шумарство, заштита на водните и копнените екосистеми, обезбедување чист транспорт и одржливо управување со водите, негување технологии што се еколошки, итн.

Меѓу фондовите со Планот ќе се формираат Фонд за енергетска ефикасност, во рамки на Банката за развој на Северна Македонија, а средствата меѓу другото ќе бидат наменети за идни енергетски ефикасни инвестиции, како и финансирање на инвестициите во енергетска ефикасност и обновлива енергија во јавните згради. Исто така, предвидено е финансирање и преку Фонд за поддршка на мали и средни претпријатија за нивен раст и развој, како и стратешки зелен инвестициски фонд со цел инвестирање во проекти на големи претпријатија.

Ова, како што рече министерот за финансии, е само дел од Планот кој предвидува нови форми и начини на инвестирање, со кој се проценува да бидат инвестирани 12 милијарди евра во проекти дизајнирани и имплементирани од јавниот и приватниот сектор.

-Владата на Северна Македонија е фокусирана на „Зелената агенда“, дигитализација, иновации и технологија, развој на човечки капитал, подобрување на инфраструктурата, социјална кохезија и добро управување. Посветеноста на Владата кон заштита на животната средина се отсликува и преку поддршката што е предвидена во Буџетот и посебната програма за зелен развој, како и во напорите за искористување на финансиските можности од меѓународните финансиски институции кои стојат на располагање, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ