Градот Скопје,по добиеното известување од страна на МЖСПП дека квалитетот на воздухот два дена е надминат над законски пропишаниот минимум, од вчера воведе бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и приватните превозници.
Како препораки до граѓаните, Градот Скопје бара тие да го користат јавниот превоз, додека возилата да се користат само во непоходни ситуации. Покрај бесплатниот превоз, се воведуваат и серија мерки за граѓаните, што ќе бидат на сила додека аерозагадувањето со ПМ-10 честички не се намали под 100 микрограми на кубен метар.
Според светскиот сервис IQAir, кој го следи аерозагадувањето, Скопје вчера беше најзагаден град во Европа и седми најзагаден град во светот, а пред него се само градови од Индија, Бангладеш, Монголија и Кина.