• Latest
Фото: Принтскрин Плусинфо

Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

August 11, 2025
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ПРОПАГАНДА

Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

Кога пропагандата зборува без име - изборите во сенка на анонимни политички центри

August 11, 2025 14:10
in ВЕСТИ, ДИСКУРС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фото: Принтскрин Плусинфо

Фото: Принтскрин Плусинфо

Share on FacebookShare on Twitter

Последниот „медиумски манипулативен хит“ на Плусинфо насловен: ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ СИ ГИ ЛАДАТ НА ЈАХТА НА ХАЛКИДИКИ Венко тренира да го џитне сидрото да влече напред на локалните избори, каде што се објавени фотографии од поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, актуелниот претседател на опозициската СДСМ, Венко Филипче и кандидатот за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски, е класичен пример за нарачана пропаганда маскирана како вест. Без автор, без потпис кој е фоторепортерот, без одговорност – а тоа отвора прашања: кој го пишува овој текст и во чие име?

Додека во Скопје, покрај пеколното време, се вжештува и политичката дебата пред кампањата за локалните избори, актуелниот и поранешниот лидер на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев, предизборно си ги ладат на луксузна јахта на брегот на Егејското Море…, пишува на анонимниот текст, колумна, репортажа, соопштение на одредена партија… (не знамеме) на Плусинфо, објавено во недела, односно на 10 август 2025 во 20:31 часот.

Последниот медиумски напис за наводната „луксузна дружба“ во Халкидики е уште еден пример како сензационализмот и манипулативните наративи се користат за политичка дискредитација во пресрет на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври и (2 ноември втор круг). Текстот има јасна цел да ги прикаже кандидатите на СДСМ како незаинтересирани, елитистички и оддалечени од реалните проблеми на граѓаните – што е класична стратегија во предизборна борба.

„Ексклузивниот пловен објект е на Зоран Заев и е закотвен на третиот крак

На „клунот“ на јахтата е Венко Филипче и веројатно тренира да го џитне сидрото да влече напред. Позади, кај моторот, е неговиот ментор Зоран Заев. Да се знае кој е моторна сила на партијата и кој дејствува од заднина.

… Трајановски е зафатен со „делкање“ на ручекот, што веројатно го платил главниот спонзор“, пишува меѓудругото анонимниот автор.

Наместо информирање, текстот гради слика преку сарказам, навредливи квалификации и инсинуации без докази – „си ги ладат на јахта“, „џитне сидрото за локалните избори“, „делкање на ручекот“, „ексклузивниот пловен објект е на Заев“ – фрази што не нудат факти, туку спин и пропаганда.

Од „вилата“ до „јахтата“ на Заев – стара пропаганда во ново руво

Да потсетиме, и во декември 2020 година, ВМРО-ДПМНЕ ширеше лажни вести со помош на одредени македонски медиуми и бугарскиот портал Биг5 кој објави „ексклузивни фотографии од новото прибежиште на премиерот Зоран Заев“, дека наводно има вила на Халкидики, Грција.

Лажната вест за вилата на Заев на Халкидики

Анонимниот текст на Плусинфо го споделиле медиумите блиски до власта. Курир го објави текстот и го сподели на својот Фејсбук профил со коментар: Предизборно ладење на Венко и менторот. ФОТО: Заев и Филипче фотографирани на луксузната јахта на Заев на Халкидики.

Фото: Принтскрин Фејсбук на Курир

Текст е дел од предизборна стратегија за дискредитација, користејќи емоционално обоен јазик, симболика и потсмев за да го подрива имиџот на противничките кандидати.

„Филипче и Заев си ги ладат на јахта на Халкидики“ – намерно употребена колоквијална и потценувачка фраза за да создаде слика на недостапен луксуз и безгрижност во контраст со состојбата дома.

„Венко тренира да го џитне сидрото да влече напред на локалните избори“ – саркастична алузија дека активноста на јахта е поврзана со политички планови.

„Што се потврдува и од приложеното“ – ироничен коментар за тврдењето дека Заев не се меша во политика.

Детално опишани „позиции“ на јахтата („на клунот е Венко, кај моторот Заев“) за да се симболизира кој е „моторната сила“ и кој е „од позадина“, односно на граѓаните им се приложува „кој е газдата на СДСМ“.

Фотографии се користат како доказ, но со наративно толкување кое го насочува читателот кон одредена перцепција. Поврзување на трето лице (Александар Трајановски) со истата сцена, и притоа потсмевање на неговата активност („делкање на ручекот“). Алудирање дека „главниот спонзор“ плаќа – имплицитна порака за клиентелизам.

Фото: Принтскрин Плусинфо

„Ние“ и „тие“ реторика: „Некој си ги лади на јахта… а ботовите… нека се пењават и ломотат“ – создава поделба меѓу „луксузерите и богатите“ и „загреаните“ во партијата.

Предизборната трка одамна се води и надвор од официјалната кампања – на теренот на медиумската пропаганда. И таму, како и на избирачките места, победува оној што подобро ја насочува перцепцијата, а не оној што има повеќе факти.

ЦХТМ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ