„Без разлика дали нашата земја ги исполнува условите или не ги исполнува, треба да влеземе во ЕУ. Без Европа ние не можеме да функционираме, ние како народ можеме само да учиме и да добиеме од Европа. Ние на некој начин сме веќе во Европа бидејќи одиме и работиме таму, овој народ е гурбетски народ сите се во Италија, Швајцарија, Германија и дел се во Америка“, вели еден граѓанин од Центар Жупа, кој живее во Швајцарија, на прашањето на ЦИВИЛ – Зошто Европа?
„Тука кога доаѓаат друг систем, таму кога одат друг систем, така што човек не може да се навикне на европските вредности ако Европа не е тука. Ние без Европа сме никој и ништо. Доколку станеме дел од Европа, животот не само што ќе се подобри туку и ќе цвета.
Јас живеам во странство, сега сум пензионер и имам 2.5 илјади франка пензија. Тука луѓето живеат со 200 евра, и не знам како преживуваат со толку пари, мене 200 евра не ми стигаат ни за бензин.
Без Европа нема живот, нема да има фабрики, донации, проекти… Слушам тука европски пари се крадат, се даваат за обука на магариња… Но, тоа е затоа што законот не функционира, а кога би биле во Европа нема да може секој да чепка во државната каса.
Мелиса Муриќ
текст и камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети