Ако нешто е полошо од оваа проклета пандемија, тогаш тоа е сигурно таа тотално валкана инфодемија.
Ако нешто е поризично од ширењето на коронавирусот, што е многу тешко да се замисли во овие денови, тогаш тоа сигурно е нашето останување без македонската и без европската иднина. Ќе биде многу ризично ако останеме без парламент и без институции на кои ќе можеме да им се обратиме за помош, за поддршка, за одбрана… за било што!
Живееме во денови кога станува многу здодевно. Здодевни се – слабите изговори. Здодевни се сите кукумјавчења околу тоа колку се сите загрижени за јавното здравје, за здравјето на луѓето, за животот на луѓето, а во исто време имаме „Теретана“, „Кафана“, бајраци, ифтари, литии, митии, и така натаму.
Навистина се слаби изговорите да не се оди на избори. Навистина е веќе здодевно да ги слушаме сите изговори за тоа дека треба да се исполни овој или оној услов.
А ОДИХР?
Кога ќе дојде ОДИХР и кога ќе го напише својот извештај, е, дури тогаш ќе видите како експресно ќе станат предавници и платеници.
Толку од мене за денеска. Се гледаме утре.
Џабир Дерала
камера и монтажа: Ариан Мехмети