• Latest
Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, (СЕММ), фото: Ариан Мехмети / ЦИВИЛ

Билјана Георгиевска, СЕММ: Со спротивставување на дезинформациите се промовираат вредностите за кои сме определени веќе триесет години

December 8, 2023
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025

Реакции на косовските политички лидери по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Билјана Георгиевска, СЕММ: Со спротивставување на дезинформациите се промовираат вредностите за кои сме определени веќе триесет години

December 8, 2023 10:00
in ДЕЗИНФО, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, (СЕММ), фото: Ариан Мехмети / ЦИВИЛ

Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, (СЕММ), фото: Ариан Мехмети / ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

За дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во медиумите, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, (СЕММ).

Во интервјуто се отворија прашањата за тоа кои се клучните елементи во борбата против овие појави, дали државата и институциите имаат доволно капацитети да се справат со овие штетни појави и по општеството, и по државата, и за препораките за системско решение.

 

ЦИВИЛ: Кои се клучните елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија? Деновиве имавме повеќе примери за ширење дезинформации во врска со убиството на малолетничката во Скопје.

Георгиевска: Ви благодарам за поканата. Кога веќе се навраќаме на овој тажен случај, убиството на девојчето, имаме една пријава до Комисијата за жалби, деновиве стигна. Се однесува на медиум кој објави дезинформации, лажни вести, дека девојчето е најдено некаде во соседна земја, и со тоа покрена нова бура реакции од и онака вознемирената јавност. Дури, имаше и сугестии, ваквата дезинформација да внесе и меѓуетнички елемент во целата, и без тоа тажна приказна. Жалбата ќе биде разгледана на следната седница на комисијата. Ние исто така реагиравме со повик до медиумите, да водат сметка за сите правила посочени во Насоките за известување во онлајн медиумите и Кодексот на новинарите, да ги почитуваат правилата, да го почитуваат посебно Членот 7, каде што се бара внимателност заради сензитивните теми и приватноста на семејството засегнато во оваа приказна.

Овој случај, покрена безброј реакции, и од самата јавност, преку социјалните мрежи, и од медиумите кои гледаа за некој клик повеќе, да објават што по „ризични“, би рекла, односно многу непотврдени информации. Така што, со тоа, потпалуваа уште повеќе шпекулирање меѓу вознемиреното население.

Овој тажен случај е само еден од примерите, како една дезинформација од медиумот кој ќе биде разгледуван од комисијата, може уште повеќе да ја потпали и без тоа, разгорената емоционална состојба во целото општество.

ЦИВИЛ: Кои се клучните елементи во борбата против дезинформациите?

Георгиевска: Тоа е широка тема, би почнала пред се од степенот на образованост, односно, од степенот на медиумска писменост кај општото население. А за подобрување на медиумската писменост не се задолжени само медиумите, се разбира дека се, но тука е и целиот образовен систем, тука се и сите институции и сите организации кои работат со луѓе, даваат услуги на разни начини, и на свој начин, можат да се вклучат во подигање на медиумската писменост и на свесноста на населението дека, не секој збор може слободно да се каже, без да се обмислат последиците.

ЦИВИЛ: Колкави се капацитетите на нашата држава да се справи со овие предизвици?

Георгиевска: Секогаш е убаво да речеме дека се покренува координирана акција. На пример, во моментов се покренува координирана акција против говорот на омраза. Со учество на државните институции, невладиниот сектор, меѓународни организации, кои ја поддржуваат мрежата, за исто така да се подигне и свесноста, но и санкциите, кога станува збор за говор на омраза. Истото би било потребно и кога станува збор за дезинформации, иако знам дека постојат многу мрежи за борба против дезинформации, но доколку тие се поединечни, сепарирани, а не се координирани и не се претстават пред јавноста, како една широка кампања, веројатно и резултатот ќе биде помал.

ЦИВИЛ: Што треба да се направи? Кои се општествените чинители кои можат и треба да се соочат со дезинформациите и со она што се нарекува странско малигното дејствување?

Георгиевска: Кога зборуваме за странско малигно дејствување, претпоставувам дека ќе го посочите руското влијание во целиот регион. Со поткопување на довербата во институциите, и довербата кон европските вредности и Европската унија. Се разбира, спротивставувањето на ваквото влијание е промовирање на токму овие вредности, и од институциите и од сите други чинители во општеството, дека тоа се вредностите кон кои оваа земја, уште пред три децении се има јасно определено и колку и да е напорен патот до постигнување, треба да се остане на таа патека, на таа линија.

Со постепено чекорење напред. Знам дека ќе има реакции од типот „Европската унија нас не не сака“, итн., меѓутоа, ние исто така мораме да си ги завршиме реформите дома, да го исчистиме општеството колку што може повеќе од корупција, и од другите негативности кои нема да ни го отворат патот кон Европа, а за тоа некако сме помалку расположени, како заедница.

Ако зборуваме за институцијата од каде што јас доаѓам, односно за Советот за етика во медиумите, една од алатките е да се пријавуваат, од индивидуалци или организации, сите претпоставени дезинформации, лажни вести, неточни вести во медиумите и на социјалните мрежи, каде што се шират медиумските содржини. Комисијата за жалби ги разгледува, носи одлуки или мислења, во зависност од тоа дали се работи за медиум кој е член на СЕММ или на регистарот на онлајн медиуми Промедиа.мк.

Советот може да даде само морална осуда, и по правилата на игра, за тие што се членки на СЕММ, медиумот би требало да се коригира, да ја објави својата корекција и да се труди понатаму да не го прави тоа. Не дека сите медиуми одговараат на тој начин, меѓутоа, нашата цел е таа. Да постигнеме што поголема стапка на одговор во медиумите, на донесените одлуки на комисијата, и ако може што повеќе медијации, самиот поплакувач, односно подносител на пријавата и медиумот, да се спогодат, да се разберат и да се најдат некаде на половина пат од овој процес, секој да ја сфати својата улога, и да има извинување.

Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, фото: Ариан Мехмети / ЦИВИЛ

Георгиевска посочи дека извесни медиуми преку ширење дезинформации поттикнуваат непријателство, меѓуетнички тензии и нестабилност во општеството, како можни играчи во интерес на други земји.

„Ако зборувам за медиумите, имаме пред очи извесен број, за кои сите сме свесни дека од време на време потпалуваат, поттикнуваат непријателство и тензии во општеството и преку дезинформации. Дали се играчи на странски земји на кои тоа им е целта – нестабилност во општеството, недоверба и разгорување на оние теми кои секако се запаливи во една средина, кај нас се тоа најчесто меѓуетничките односи. Или политичките теми особено во предизборен период каков што ќе следи, ние тоа не можеме лесно да го откриеме, можеме само да претпоставуваме и по движењето на финансирањето на такви медиуми. Дека постојат – постојат. Меѓутоа, треба  да се подигне свесноста на читателите, корисниците на овие содржини, за оваа потпалувачка намера и полесно да ги препознаваат. Факт е дека нашето население многу често чита и пренесува од соседна Србија, такви вести кои се комплетно непроверени или јасно се дезинформации, но има се уште дел од населението кое е многу подложно.

ЦИВИЛ: Што е тоа што му недостасува на целото општество за да се подигне свеста?

Георгиевска: Ако станува збор само за дезинформации во медиумите, тука е целата медиумска заедница која треба да дејствува. Кога станува збор за хибридни закани, се разбира дека институциите, од министерството за внатрешни работи, разните агенции за разузнавање, дека тие се тие кои треба да преземат мерки и да го предупредат населението.

Јас како новинар, со години исто така прашувам, на кој начин во земјава влегува тоа малигно дејствување, особено бидејќи со години се нагласува – руско влијание. Можеби делува наивно новинарското прашање – „посочете ни некој пример за населението да препознае“… До сега не сме добиле многу конкретни одговори.

Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, (СЕММ), фото: Ариан Мехмети / ЦИВИЛ

Можам да направам споредба дека многу повеќе знам за деталите околу личности кои  се прогласени за шпион и протерани како руски шпиони, од други земји во Европа, отколку кај нас. Повеќе знам за личности  кои пред кратко време беа протерани од Британија, уште двајца… За едната жена беше дадена цела приказна, каде живеела, како живеела, во која средина се движела, на кој начин прибирала информации…Но ние никогаш не сме добиле такви детали за некој од протераните личности од оваа земја. Можеби треба, не сакам да навлезам во безбедносните протоколи, но мислам дека треба за населението да препознае, можеби ќе препознае во својата средина, во својата институција, ако има такво влијание, па да се спротивстават.

ЦИВИЛ: Како да се соочиме со медиумите кои немаат импресум, немаат име и презиме, а се во медиумскиот простор, имаат интернет портали и најчесто се тие што шират дезинформации? Вие како институција, не можете ниту претставка да им доставите…

Георгиевска: За да бидат членки на СЕММ, особено ако станува збор за онлајн медиуми, за да бидат членки на регистарот Промедиа.мк., секако треба да имаат објавен импресум, а од неодамна важат и построги правила, односно, да имаат барем двајца вработени, да ги објавуваат маркетиншките протоколи, има уште неколку точки. Ако немаат импресум, едноставно не можат да бидат членки и не можат да се пофалат дека се во друштвото на медиумите кои доброволно велат дека ќе ги почитуваат правилата на игра, Кодексот на новинарите, и Насоките за известување.

Се обидуваме да ја убедиме и бизнис заедницата, кога плаќаат реклами во онлајн медиумите, да го имаат предвид сето ова и да знаат дека членките на Промедиа, се тие кои сами се заложиле да ги почитуваат правилата. Се случува некогаш и тие да прекршат, меѓутоа, подложни се на целиот оној процес на саморегулација.

Оние медиуми кои немаат никаква ознака, не знаеме од каде доаѓаат ниту кој ги пишува, навистина  не би препорачала некој од бизнис секторот да се рекламира таму, ниту пак од политичките партии, наскоро ќе има „тепачка“ за рекламирање во предизборието.  Веројатно, тие и не се засегнати доколку некој не се рекламира, или си имаат свои рекламери, но, и на тој начин, јавноста може да препознае за каков медиум станува збор.

Се додека не е регулиран овој простор на онлајн медиумите, а не само кај нас, туку и во светот е така, ова е глобално прашање, ќе остане една сива зона.

Разговорот го водеше Дехран Муратов

Камера, фотографија и монтажа: Ариан Мехмети

Транскрипција: Д. Тахири

Интервјуто е дел од проектот „Ослободи го умот“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Амбасадата на САД. 


Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ