• Latest

Битиќи: Едно општество не е закана по идентитетот, туку шанса за промоција на исклучителната единственост на секој еден

January 18, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Едно општество не е закана по идентитетот, туку шанса за промоција на исклучителната единственост на секој еден

January 18, 2023 14:40
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес се обрати на отворањето на 11-тата научна меѓународна конференција на тема „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој и туризмот, поврзани со новите кризи“, што се одржува во Охрид.

Во продолжение ЦИВИЛ го објавува интегралното обраќање:

„Подготвувајќи се за оваа конференција мислев што да кажам јас денеска додека стојам тука пред вас. Фатмир кој е Албанец во Македонија, студирал во Албанија, се вратил во својата татковина, работел долги години во граѓански сектор на важни општествени теми како помирување, кохезија, развој…

Фатмир кој сите овие важни општествени процеси ги препознал во политичка партија која не е од неговата националност, туку е доминантно македонска партија и кому оваа партија му ја дала довербата да може да служи. А кому, за која кауза? Зарем тоа не е постојано прашањето?

Одговорот за мене е лесен. Да им служам на луѓето, на моите сограѓани, на сите подеднакво. Зарем немаме сите исти потреби, желби и соништа, стравови, среќа и тага? Зар е важно во кој храм ја кажуваш потребата на твојата душа, кога е искрена?

Низ сите мои години живот, борејќи се со сите предрасуди и поделби, со некои од нив и се уште, научив дека против нив не можеш. Затоа што против, еден спроти друг, значи конфликт.

Но научив како може… МОЖЕ ПОКРАЈ!

Покрај предизвиците да гледаме во можност, покрај минатото да се бориме за иднината, покрај различностите да градиме мозаик на заедништво.

Верувам дека во ова време кое ќе го поминете заедно на оваа конференција ќе размените мислења и факти но во сите нив ќе има и емоции, емоции кои секогаш се врзани за идентитетот, вредностите, историјата и минатото кои не одбележуваат.

Но, историјата е добра основа за подобра сегашност и иднина. Историјата која не ја чуваме под стаклено ѕвоно и однадвор ја набљудуваме туку се обидеме да ја разбереме, ни помага да ги увидиме грешките кои сме ги направиле и да ги запознаеме дури и најтемните ќошиња на човечкиот дух и таму да запалиме светло.

Да, ова понекогаш може да биде непријатно и често и да не сакаме да го изговориме гласно, но точно во оваа нелагодност учиме и растеме, точно во оваа нелагодност можеме да ја најдеме колективната моќ за заедничката иднина.

Денешните модерни општества се соочуваат со многу комплексни предизвици кои бараат брза прилагодливост, но и повеќесекторско или интердисциплинарно делување.

Одржливиот економскиот развој, заштитата на животната средина, грижата за човековите права и многу други сегменти не можат успешно да се адресираат само од една страна и еден актер, било да е тоа Владата, граѓанскиот сектор или бизнисите туку бара здружено заедничко делување и партнерски однос.

Кон крајот на минатиот век, светот почна да зборува за нов феномен, оној на глобализацијата. Глобализацијата е третирана од различни перспективи и секој што зборува на оваа тема ја дефинира според сопствената перспектива и на тој начин дава идеи за можните предизвици кои ја придружуваат во културата, економијата, и идентитетот. Но, она што јас го гледам во глобализацијата не е закана од искоренување на јасното ЈАС, туку шанса за соработка меѓу народите, запознавање, толеранција и промоција на исклучителната единственост на секој еден, шанса да се запознаеме, а со тоа и да се почитуваме. Затоа мораме да продолжиме да работиме за нашето едно општество во чија основа е токму тоа, искрена намера да го запознаеме и цениме другиот и да создадеме безбеден простор да е свој и да добие шанса каква што посакуваме и за себе.

Само така вистински ќе го ко-креираме нашето – Едно општество за сите.

Да живееме, работиме, развиваме – блиску, едни покрај други.

Затоа денеска не дојдов со моите политички пораки за Охрид, УНЕСКО, старата скопска чаршија, Шарената џамија, Калето или Аквадуктот…

Дојдов како Фатмир кој верува дека сето тоа ќе го вреднуваме, чуваме и пазиме сите, кога секој од нас ПОКРАЈ почитта која ја гаи кон себе ќе ја гаи и кон секој спроти себе.

Како што верувам во себе, така верувам во сите вас тука, верувам во сите мои сограѓани.

Верувам. Затоа што тоа е мојот идентитет.

Верувам. Затоа што мојата историја тоа ми го потврдила.

Верувам. Затоа што тоа го бара секој развој, вели Битиќи.

Tags: ОхридтуризамФатмир Битиќи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ